Свет

Путин го потпиша законот за уставни измени

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша предлог-законот за изменување и дополнување на уставот, кој ќе му овозможи да се кандидира за уште два мандати на крајот на тековниот мандат од 2024 година. Документот беше доставен до Уставниот суд за разгледување, пренесува Тас.

„На 14 март Уставниот суд на Руската Федерација доби барање од Претседателот во врска со измените на Уставот што граѓаните ќе ги изјаснат на референдум“, се вели во соопштението на судот.

Путин го потпиша документот три дена откако беше  усвоен во рускиот парламент .

Законот допрва треба да го одобри Уставниот суд, а Русите ќе го прогласат на референдум на 22 април.

Според сегашниот закон, Путин не би можел да се кандидира за претседател во 2024 година, поради ограничувањето на бројот на последователни мандати на два, но предвидените измени во Уставот му овозможуваат да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.

Другите измени во највисокиот правен акт, меѓу другото, го потенцираат приоритетот на руското законодавство во однос на странските, се забрануваат истополовите бракови и воведуваат „верување во Бог“ како една од традиционалните руски вредности.

Related posts

Leave a Comment