Свет

Русите испратија помош во Италија, авион со лекари и опрема полета од Москва

Слики / илустрација на Брус Бенет / Гети

Москва – Првиот руски воен авион со лекари и опрема тргна за Италија, како дел од нејзината помош во борбата против коронавирусот, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се вели дека рускиот авион ќе пренесе во Италија тим воени лекари, специјалисти за вирусологија и епидемиологија со современа опрема за дијагностика и дезинфекција, пренесува Тасс.

Министерството претходно објави дека ќе испрати осум тима воени виролози и лекари во Италија, како и медицинска опрема и системи за дезинфекција.

Вчера рускиот претседател Владимир Путин во разговори со италијанскиот премиер Џузепе Конте во Москва ја потврди подготвеноста да ја обезбеди потребната помош.

Русија планира да испрати заштитна опрема, системи за дезинфекција на возила и земјиште, како и друга медицинска опрема во најранливите региони во Италија.

Related posts

Leave a Comment