Свет

Салвини : Лигата не е екстремно десничарска партија

 

Лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини смета дека неговата партија Северна лига не е екстремно десничарска партија. Тој ја претставi како умерена партија која сака поддршка од граѓански ориентираните гласачи кои претходно ја избегнуваа.

Италијанската лига беше класифицирана во групата националистички партии во Европа, како австриската партија за слобода или францускиот Национален фронт, но се чини дека по неуспешните избори, Салвини сака да го поправи имиџот на својата партија дома, пренесува Ројтерс .

“Ние не сме радикално десни и немаме амбиции како такви да бидеме претставени во Италија. Секој трет Италијанец гласа за Лигата, па  јасно е дека партијата треба да им се обрати на сите, а не само на радикалната  десница”, рече Салвини пред група странски новинари. 

Централно-десничарскиот блок предводен од Салвини  загуби минатиот месец на регионалните избори во богатата италијанска провинција Емилија Ромања,  чиј главен град е Болоња.

Салвини ги спореди проблемите во Лигата со оние на Доналд Трамп, кој исто така има помалку гласови во поголемите урбани средини.

Лигата е сè уште најпопуларна партија во Италија со околу 30 проценти поддршка од гласачите. 

Related posts

Leave a Comment