Свет

Се зголемува бројот на убиени турски војници во Сирија

Еден турски војник загина, а друг е ранет во последните напади на сириската артилерија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Вкупниот број на жртви во изминатиот месец се искачи на 55, вклучително и 33 убиени минатиот четврток за само еден воздушен напад, пренесува Ројтерс .

Офанзивата која во Идлиб започна пред еден месец од страна на сириската армија,  предизвика една од најголемите хуманитарни катастрофи бидејќи скоро милион цивили избегаа од зоната на конфликтот и тргнаа кон цврсто утврдената и добро заштитена граница со Турција.

Турција одговори со испраќање на илјадници свои трупи за поддршка на бунтовничките сили во Идлиб , но тоа не го спречи напредокот на сириските сили.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека ќе успее да обезбеди примирје во Идлиб за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела во Москва.

Во знак на протест за ескалацијата на конфликтот во Сирија ,  Турција ги отвори своите западни граници  за илјадници бегалци кои сакаат да стигнат до ЕУ.

Оттогаш, илјадници луѓе се обидоа да ја преминат границата со Грција по море или копно ,  но грчките власти не дозволија преминување на нивната добро заштитена гранична линија. 

Related posts

Leave a Comment