ФБ Статуси

СОЊА МАНЏУК : ДУИ Е ИСПУКАНА ПУШКА КОЈА ДУРИ И КАЈ СВОЕТО ГЛАСАЧКО ТЕЛО Е ПРЕПОЗНАЕНА КАКО ЗАРЃАН ПИШТОЛ

Фотографија на Sonja Mandzuk.

Османи: Граѓаните гласаа за Груевски, но ДУИ одлучи Заев да биде премиер. Силен фактор демек. Тие одлучиле! И чавките знаат дека не можат ни да кивнат ако од Калето не им дале сигнал дека ” на здравје” ќе им речат, ќе им дозволат.

Не им беше дозволено да коалицираат со победникот, затоа што мораше црпнатиот да биде инсталиран. А, сега ќе инсистирале на тој договор ” победникот со победникот” од етничката заедница, бидејќи волјата на граѓаните морало да се почитува. Тогаш не морало, затоа што државата морала да оди на друг колосек. И сега демек морало Албанец да биде премиер, затоа што тие така одлучиле и зацртале во своите партиски заложби, со што, пази сега вратоломија- уникатниот карактер на државата ќе се запазел, на стариот колосек ќе се врател. И сега бил тој момент и ќе се остварил сигурно, затоа што, што тие ќе одлучат, ќе остварат! На што се должи таа ” сигурност”? Дали Брнс од Калето им шепна, им даде крилја да залетаат високо, или умешноста за ловење во матно им е мигот? Со уцени, притисоци и закани од типот “че го пукам”? Оваа испукана пушка и кај своето гласачко тело е препознаена како пиштол. И тоа зарѓан. На романтика и етничка карта веќе не ги играат. Свесни се и за нивниот криминал и богатење преку ноќ, нафатирани за неколку идни поколенија, додека на народот му фрлаат коска околу која ќе се глодаат, осиромашени и гладни. А, Калето веќе не е тврдина. Подрум е. И ќе биде, “не знам ја тоа, не сум слушнал/а, не сум видел/а”.

Related posts

Leave a Comment