КолумниМакедонија

Со фалсификатите на германските ,, историчари,, живееме и ние Македонците , откога териториjата jужно од Македониjа беше дадена на управување на германската кралска лоза во дваесеттите години на 19-тиот век. – Зоран Курљан

 

Предсловие:
Преди неколку дена бев ,, стониран ,, од  една фб обjава сопственост на , од мене длабоко почитувана професорка од факултетот за jуриспруденциjа при УКИМ , чиjа што есенциjа се состои во констатациjата ; Ние Македонците , сме про-западен , напреден народ  и во нашата ,македонска држава  не постои руско влиjание ( затоа што ,претпоставувам , тоа влиjание е ретроградно?! ).
Не љубеjќи да го тресам  воздухов со аргументациjа за геноцидноста на западната ,, пепелотресници од шепи на горило ,, цивилизациjа и нивната морлочка алчност.  Само , да се потсетиме за судбината , пророчена од трите наречници ( Лондон – Вашингтон – Ватикан )  за домородното население на  Америка – Северна и Jужна , Африка , Австралиjа , Азиjа и , разбира се , следен , но не и последен е етноцидот и културоцидот над нас Македонците… Како да не се навратам и не спомнам ; на Беломорска Македониjа и на напалмот над главите на  тамошните Македонци…
Од друга страна , се противпоставува , државата ( коjа што ,, генерира,, ретроградност – РФ, според  контекстот во обjавата   ) во коjа од 189 народи , народности , малцински групи  , делови од разни народи и етнички групи , за кои што ние си мислиме ( погрешно ) дека се дел од фолклор или митови , живеат и процветуваат во многунационалното едногласие.
Руските државници и филозофи  во многу нешта се разликуваат , како што само човек може да се разликува од сородниот своj , но секоj во своето време како главна одлика на рускиот свет и рускиот човек ( Можеби , коректно е да се напомене ; Расиjани – име за припадниците на руската нација. Т. е. Руси и останатите 188 националности , кои живеат во РФ) се jавува потребата за СПРАВЕДЛИВОСТ. Од таму и бранот на суверенизам , коj се роди во руските степи , таjги и висови вишни , и се растпространа низ целиот Свет. Инкапсулирани  и во расчекор со биднинава актуелна се флоскулите красни за ,, прогресивниот западен свет ,,. Барем не за оние , кои имаат потреба за справедливост , како што ги учеше Македонците   Милиот на Бога.
      Во 1018 година , почетокот на Августус , во градот на брегот од Белото Езеро , под падините на Сува Гора , а од спротива ,овенчано,со Мокра Гора ( две сестри ,  разни судби ) , на  белиот со три црни петна , подарок од неговиот непокорлив внук Самуил ,вjава Василиj Вториот –  имрепаторот на Ромеите. Тоj  ,ден – препреден, го отпочна 1.000 годишното ропство на Македонците . Тоj ден го наjави феудалниот систем , коj веќе беше дошол пред портите на Охрид. Августус 1018 , го разjаде како црвоточина , дотогашниот склад на живот , заснован на КОНИ , а не ЗАД- КОНИ (закони ). Првите беа одраз на совесноста и справедливоста , а вторите ( измислени во Рим ) носеа во себе казни и заплашувања. Времето ги роди своите анти – херои и Василиj го назначи за првосваештеник Jон од Дебар , антимакедонец и среброљубник , коj го импутира Православието Славjанско во ахеjската црква.
Да видиме што зборува историjата , а не фалсификаторите :
Во време на владеењето на Петар Први , во Руската Империjа била формирана Руската Академиjа на Науки ( РАН ). Неjзиниот состав го сочинувале 97 странци ( во главно Германци ) и само троjца руски луѓе. Едниот од  троjцата Руси , бил и  Михаил Ломоносов , коj бил во постоjана колизиjа со германските историчари , членови на РАН , заради грубото фалсификување на  минато во правец на;  основоположувањето на  руската  државотворност и државност. Германскиот анимозитет кон славjанството , насочен особено  кон руските интелектуални перформансии , довеле до физичка пресметка меѓу Ломоносов и Милер , Шљосер и Баер  од спротивната страна . Овоj емотивен , родољубив и, воедно,  чин од големо на ,ционално значение го одвеле Михаила во затвор и до парична казна , превисока , во однос на  неговата заработувачка. После неговата смрт , неговите научни трудови биле уништени и ,некако , норманската теза остана да живее до денешен ден…
 Со фалсификатите на германските ,, историчари,, живееме и ние Македонците , откога  териториjата jужно од  Македониjа беше дадена на управување на германската кралска лоза во дваесеттите години на 19-тиот век.
… Како главна причина за кавгите во  со германските квази – историчари била т.н. норманска теза при основање на руската првоначелна државност . Основен постулат за  таа теза е ; шведското потекло на Рjурик ,  првиот руски правител ( 860 г.). Иако , како што справедливо  наведува и Н.Левишев , во 9-тиот век не постои никава шведска држава и аналогно на тоа , полно отсуство на Швеѓани како етникум или народ , затоа што процесот на формирање – национални држави започнува околу деветстотини  години подоцна.

 

 

Како што наведува проф. Емиљанов ( од 12 минута од филмот); Рjурик бил сопруг на средната , од трите ќерки , на новгородскиот кнез Ростомисл , а син на кнезот на Бодричите ,Гудлав . Тие живееле на балтичкиот остров Руген и на Рjурик му било предложено , заедно со браќата Синеус и Трувар , да управуваат со Соjузот  , во коj што влегувале Северни – Славjански племина.  Кажано на современ jазик –  Рjурик бил, поканет менаџер, на местото од претходникот  , Гостомисл , кого го набркале заради – зголемување на данокот за една кожа од верверица по глава на возрасен член од соjузот.

Новиот центар на власт бил поставен во Лада Град ( денешна Лагода ) , а Рjурик е новиот владетел. Тоj заедно со своите браќа раководел и ги заштитувал интересите на Племенскиот Соjуз на Северните – Славjани. За Рурик и неговото владеење може да се раскажува долго. Но ,  неговото потекло , е прецизно лоцирано од страна  киевскиот хроничар Нестор , французинот Карние во делото ,, Писма од Север,, , како и во трудовите на професорите Емиљанов и Чудинов. Во последното дело ,, ДНК на Древните Славjани,, , проф. Кљосов, го потврдува фактот ; пред неколку илjади години докажано е ( со генетички истражувања) движењето на славjански групи од Балканскиот ( Македонскиот ) Полуостров кон Царството на Славjаните ( така Мавро Орбини во 16 век го нарече своето епохално дело , историско- и за нас Македонците многу поучително) jа нарекуваше  териториjата коjа jа населуваа славjанските соjузи во Европа и Азиjа). За куриозитетот да биде изразен во полната своjа големина ; ова писание , сочинето од далматински свештеник , за Петар Први на руски jазик од латински , го превел Македонецот  Васил од Негуш во 1728 година раѓањето на Христа или 7.221 година од Создавањето на Храмот под Ѕвездената Купола (соодветно на времечитањето во таа епоха ). Името на Васил од Негуш го краси и  преводот на Библиjата на руски jазик за истиот Импаратор.
Бодричите половина век претходно , на териториjата на jужен Балтик;  Литваниjа , северот од Полска , делови од Белорусиjа , создале моќно Кралство во соjуз со Љутичите ( Jужни Славjани ) и Приморjани ( Западни Славjани ). Во четири генерации , тоj соjуз бил управуван од династиjата на Бодричите – Котљар ( Катльар или Котльар во руски извори ) ….
         Бодричите ќе останеа под перископот на македонските историчари , ако не беа упорните ,, дигери ,,  кои по огромниот  , како во  сите светски библиотеки собрани заедно , фонд на знаење ,, копаа во потрага по вистинската  Македониjа … а ,, копаат ,,не само Македонци по Род , туку и Македонци по Дух.  Трилогиjата ,, Историjа на Козаците ,, на Е. Савељев се смета за , поjдовна точка , во истражувањето на Козаците и пополнување на ,, белите дамки,, во нивната историjа.
Г-динот Савељев во своите истражувања , а се идентични со резултатите од многу годишното иследување на проф. Черков , заклучува ; Во времето на враќање од Источниот Поход кон Македониjа , дел од народот и воjниците , остатоци од армиjата на Александар , со своите  семеjства останале да живеат на територииите околу Балтичкото Море. За своj грб го имале Крилатиот коњ Букефал и Грифин… Денес градот Керч го има истиот симбол… Наречени биле Бодричи и после натисокот на германските племиња , се повлекуваат кон исток , градеjќи ги Псков и Новгород на своjот пат… А овие податоци , проф. Черков , ги пронашол запис од Птоломеj од 3 век пред Христа.( 4.30мин. во клипот )

 

Понатака , следат , периодите ,, начнати,, погоре и… илjада години во прангии и кандали тешки ,  со кои што Ние самите  ,  рацете и  нозете  си ги оковавме.
Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment