Свет

Твитер блокираше сметки блиски до Мајкл Блумберг

Од Твитер во петокот објавија дека ќе ја суспендираат околу 70 сметки кои објавуваат содржини во поддршка на претседателската кампања на Мајкл Блумберг . Оваа акција е преземена заради кршење на правилата за манипулација на Твитер.

Блокадите се фокусирани на спам-пораките

Во петокот, Твитер блокираше околу десетина профили кои објавија  про-Блумберг содржини . Тие беа избришани од голем број причини, поради мешање во разговорите и преписките на другите луѓе, поради вештачко засилување на разговорите каде се споменува Блумберг, и многу повеќе. Блумберг, поранешниот градоначалник на Њујорк , реши да го троши целото богатство на маркетинг кампања на социјалните мрежи.

За само еден ден, тој троши околу 1 милион американски долари на реклами само на една платформа – Фејсбук . Тој, исто така им плаќа на обичните корисници, но и влијателни личности за да напишат позитивни работи за него, т.н. спонзорирани постови . Како дел од оваа стратегија, Блумберг вработи стотици луѓе во Калифорнија за да ги преплави Фејсбук , Твитер и Инстаграм со позитивни пораки за него и неговата кампања. Се вели дека платите на овие луѓе се околу 2.500 долари месечно. Од канцеларијата на Блумберг, немаа премногу зборови за оваа блокада освен дека изразија длабоко жалење поради недоразбирањето и несогледувањето на Твитер дека нивните вработени едноставно сакаат да шират позитивна слика за нивниот кандидат.

Related posts

Leave a Comment