Колумни

Томче Ширков : Временската машина на Тито и коминтерната


.
Спинот т.е дневно политичката манипулација оди вака…
Македонците биле антички прастар народ кој изумрел пред новате ера . Т.Е се претопиле со Ахајците, Данајците и другите грекои во некаква тобожна “Хеленска Цивилизација” Барем голем дел од нив, оние под Олимп. Тука треба да напомнеме дека никогаш, ама категорички никогаш не постоела грчка држава, грчка нација или хеленска култура која била еквивалент на Грција. Не е запишан ниту еден грчки цар, крал или било каков опис за грчка држава. Се до 1864г Кога Австро-Унгарија и Германија ја создаваат првата хеленска ( пробна ) држава на чело со Отон Баварецот.

Конструктот подоцна вели дека на овие простори “Се населиле словени” околу 45.000-60.000 ( 10.000 воини, и многудетни семејства, старции и жени, со кои заедно патувале). Тие го прешле Дунав одејќи по дното и дишејќи со трски. Ја поробиле Ромеја која имала 140.000 војска на овие простори, најспремна на светот. Светска супер села. Покрај стандардната војска имале и 50.000 платеници и 30.000 преторијанци…нејсе. Од кога ја поробиле Ромеја ( Византион) ” Словените” ги уништиле : Илирите, Дарданците, Траките, Тривалите, Мизите и десетина други народи покрај Македонците. Под УНИШТИЛЕ се подразбира ТОТАЛНО, така речи ги изеле. Иако нигде не е запишано дека “Словените биле канибали”. Било како било. Од тогаш наваму Македонците комплетно исчезнале, немало ни помен за Македонија. А на оваа територија се менувале Србски и Бугарски држави.

Овој конструкт и политички спин е од германско -нордиско производство.Тој е стар 150г. Како одминува времето, така спинот зема се поголем замав. И доаѓаме до фамозната 1929г, кога наводно Коминтерната решава да ја возобнови Македонија , а Тито како голем маг и волшебник тоа успева да го стори 1944г.

Има илјадници артефакти, карти, стари записи и свети списи кои го говорат токму спротивното. Но ние за денес одбравме да ви ја презентираме оваа стара ( оргинална ) ГЕРМАНСКА карта. На која се прикажани воените дејствија од 1830- 1864г. И многу поважно географски приказ колкави биле тогаш балканските држави .т.е протекторати( територии)… ВИСТИНАТА СЕ ТЕНЧИ, АМА НЕ СЕ КИНЕ!

Томче Ширков

Related posts

Leave a Comment