Свет

Трамп : Уништете го секој ирански брод кој ќе не загрози

Foto: Getty images/Tasos Katopodis

Американскиот претседател Доналд Трамп и даде инструкции на морнарицата на САД да го уништи секој ирански брод кој ќе ги загрози.

Тој ова го објави на Твитер по конфликтот во Персискиот Залив, јави Раша Тудеј.

Една недела порано, американската морнарица ја обвини Револуционерната гарда на Иран за опасни и провокативни акции. Петтата флота подоцна објави видео-снимка од средбата на која се прикажани голем број ирански бродови кои кружат околу американски брод.

 

Related posts

Leave a Comment