Свет

ТРЕТИНА ОД РУСИТЕ СМЕТААТ ДЕКА КОРОНАТА Е ИЗМИСЛИЦА

COVID-19: Russia confirms 228 new cases, 1 more death

 

Една третина од Русите веруваат дека опасноста од епидемија на коронавирус е претерана или дека е измислица на заинтересирани лица, се резултатите од анкетата спроведена од престижната Московска висока школа за  економија.

Дека нема никаква епидемија и дека е измислена од одредени луѓе уверени се 23 проценти од анкетираните, а дека опасноста е преувеличана, сметаат 9,6 проценти.

Анкетата беше поставена на многу руски интернет страници во пет етапи од 18 март до 26 мај. На анкетата одговорија повеќе од 30.000 луѓе од сите руски региони, на возраст од 20 до 60 години.

Аналитичарите велат дека луѓето кои не веруваат во епидемијата или кои сметаат дека е измислена, се однесуваат драстично поинаку од оние кои ја признаваат. Првата група на луѓе во 43% од случаите изјавиле дека ги посетуваат роднините, а повеќе од половината се изјасниле дека одат на прошетка. Три четвртини од скептиците се изјасниле дека нема никаква потреба од самоизолација.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денес, коментирајќи ги резултатите од анкетата дека „негирањето на вирусот покажува отсуство на желба да се погледне наоколу и да се прифати реалноста“.

„Врз основа на моето искуство, можам да кажам дека таа работа постои и дека е опасна“, рече Песков.

Песков, како и неговата сопруга, шампион во уметничко лизгање, Татјана Навка, биле хоспитализирани со дијагнозата на Ковид-19, а излегле од болницата на 25 мај.

Related posts

Leave a Comment