Македонија

„ФИЛИП ВТОРИ“ СТАНА „ТОШЕ ПРОЕСКИ“ – СКОПЈЕ ГО ДОБИ ПРВИОТ СТАДИОН НА СВЕТОТ ИМЕНУВАН СПОРЕД ПЕЈАЧ

Најголемиот стадион во Македонија од денеска го носи името на Тоше Проески.

Одлуката за преименување беше донесена на денешната седница на Владата, што е трета промена на името во последните десет години. Во 2009, Градски стадион стана арена „Филип Втори“, а потоа, во 2016 и 2017 година, се викаше „Телеком арена“, врз основа на спонзорството на „Македонски телеком“.

„Утрово е донесена одлука за преименување на стадионот во Национална арена ‘Тоше Проески‘, во чест на личноста која остави траен белег во македонската и во регионалната современа историја“, изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Ова е еден од ретките примери во светот стадион или спортски објект да се именува според личност од поп културата. Стадионот во Грац (Австрија) неколку години го носеше името на холивудската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер.

Related posts