Свет

[Фото 18 +] Џихадистички трупови на бојното поле после неуспешниот напад во северозападниот дел на Хама

 

 Џихадистите во вторникот извршија напад врз неколку градови во северозападниот дел на Хама, насочени кон позициите на сириската арапска армија (САА) во близина на границата на реонот на Идлиб.

Предводени од Хејат Тахрир Ал-Шам и Џејш ал-Изза, милитантите го започнаа нападот со гранатирање на позициите на сириската армија во Касабија, Џамл и Кафр Худ во реоните Хама и Идлиб.

Во овие напади во северозападна  џихадските бунтовници претрпеле голем број жртви. и тешки загуби на нивната воена опрема.

Според еден воен извор во северозападниот дел на Хама, сириската армија убила околу 25-35 милитанти, додека медиумот на паравоената едница ,,Тигри,, го зголемило бројот на жртвите до 65 .

Покрај тешките загуби на персоналот, џихадистичките бунтовници, исто така, загубиле седум од нивните возила  за време на нападот.

Сирискиот воен извор изјави дека за време на битката во вторникот биле уништени најмалку два џихадистички тенка, два БМП и три технички возила.

Related posts

Leave a Comment