Колумни

ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ : СЛОБОДАТА Е ПРИЧИНА ЗА ЖИВЕЕЊЕ

СТАРОСТА, како утеха ЗРЕЛОСТ ја нарекуваат
Животното искуство никогаш не го сваќаме како вредност, туку секогаш го гледаме како спорост, сенилност, слабост, терет, некаков крај на животот, со еден збор СТАРОСТ. Те гледаат формално, те гледаат секојдневно, те гледаат скоро мртво, непотребно, а грешат, грешев и јас, сите грешиме без потребно, од незнаење, од амбиција, од брзање…кариера не чекала, а таа кариерата е само наша суета, која решила да проектира, да не залаже, без потребно да не натовари, фрустрира, се нарекува план за животот.
Секогаш ова погоре пишано го осознаваме токму кога се ќе научиме од животот, егзактно, сурово, реално, без право на враќање на времето и корекции. Тогаш го гледаме времето кое сеуште не го разбираме како димензија, како живот, туку само како украс на нашата лева рака од метал со глупави и скапи камења, денес на десктопот на смартФонот, некаква бројка, со која се тркаме, газ преку глава газиме, ништиме, за нашиот персонален план, амбиција да ја реализираме. Многу сме прегазиле, блиски и далечни сме повредиле, тркајќи се со броевите кои не ги разбираме, ВРЕМЕ ги викаат, ТАЈМ да биде модерно.
Кога доволен број на тие вечни броеви, димензии кои не ги разбираме, а со кои се тркаме ќе поминат, кога природата ќе не потсети со спорост и болки во нозете, кичмата сеедно, тоа е само механика, се буди она што е внатре, она што е не мерливо, она што не води во животот, се буди ДУХОТ во својата големина. Тогаш, почнуваме да стануваме нормални, тогаш почнува СЛОБОДАТА, почнува да мириса, слатка е, живот е, СЛОБОДАТА станува суштина на живеењето, таа СЛОБОДАТА е поважна од било која димензија, слободата тогаш станува ПРИЧИНА за ЖИВЕЕЊЕ.
Кога тоа ќе го почуствувате, кога ДУХОТ сопствен ќе го видите, вкусите во целата негова големина, дури тогаш осознавате што е СЛОБОДА, што е ЖИВОТОТ, а не Либерти, Фридм и слични глупости кои се продаваат со лажнава Либерална Демократија, неее… тоа е само РАМКА, тоа е ОГРАДА во која можете што сакате да правите со себеси и своите планови, амбиции и кариери. Се, буквално се, се сведува во реализација на животни планови, проекции на Вашиот ум, што сакате да бидете, повотрувам САКАТЕ, а не сте, тоа е само план. На почетокот, сте свесни дека во моментот додека планирате, не сте, а треба да бидете, на почетокот сте само АМБИЦИОЗЕН фанатик во намерата да го постигнете УСПЕХОТ, а тој успехот се мери во моментов со кеш, во времето на нашите дедовци и делумно во младоста на мојата генерација, а денес се КриптоВалутите и современата амбиција да буљите во што поголемата бројка на вашиот мобилен телефон, бројка која лачи адреналин без кој неможете ни да ебете. Во трката со броевите, едните кои мерат КриптоВалута, а другите броеви кои мерат време, се појавува стресот, како последица на божјите броеви и хармонија кои се викаат ПРИРОДА Ве тераат да по секоја цена да успеете, па затоа е тука ВИЈАГРАТА и останата хемија како Кокаин, за да успеете и да ебете и броевите да ги победите во исто време. Трката секој ден е се по брза, по жестока и така како ограничен и заслепен коњ, самиот себеси си ги затегаш сопствените синџири на кои им робуваш.
Кога се ова погоре напишано ќе го осетиш, разбереш, може да се каже дека си остарел, како утеха има заменски термин, си станал ЗРЕЛ, термин кој е утеха за стравот од СМРТА, од крајот, во секој случај, тикму тогаш си подготвен да креираш, да го откључиш умот и да почнеш да размислуваш.
Епа токму тогаш и јас се опаметив, да не помисли некој дека постојат луѓе посебни, дека постојат екстра раси и народи, не, драги мои, не постојат, постојат само добри и лоши луѓе, храбри и кукавици.
Овој пре долг увод, обично сум краток и едноставен, морав да го напишам, објаснам затоа што случката од 17 Септември во која почуствував 8 боксирачи и 4 шипки во мојата глава, поточно во тилот на мојата глава не ме болеа, не беа страшни, беа само една минута нагон и бес, борба, предизвикани од лошотилакот и деструкцијата која се распостели во секунда пред мене. Текстов е конструиран на начин што две третини е УВОД, а само една третина експликација и закључок по истата. Текстот ја покажува разликата помеѓу слободата и ропството, помеѓу храброста и лудоста. Во еден дел од секундата, треба да одлучиш дали ќе ја дигнеш левата рака да спречиш удар во главата или во подлактицата кој удар исто многу боли, но ти дава шанса да се бориш да преживееш (слобода) или да се исплашиш и седиш мирен , да добиеш удар во главата после кој си салата направен у комплет (робство), тоа е нагон, тоа не е разум, тоа е божјата математика побрза од било кој компјутер, токму тоа се вика ДУХ, тоа што со време и кеш не се купува, тоа е сето искуство кое низ животот сме го насобрале заедно со нагонот кој е длабоко во нас, ТОА е разликата од ДОБРОТО и ЛОШОТО, тое е разликата шомеѓу РОБОТ и СЛОБОДНИОТ.
Таквата СЛОБОДА, секогаш е вредна, неа никогаш никој неможе прецизно да ја измери како вредност, таа е немерлива, затоа што за неа секогаш се умирало, се борело, за цена не се прашувало, затоа што во спротивно, доклку се мери, има некаква вредност, таа не е СЛОБОДА, тоа е фејк работа, ја нареуваат ЛибералнаДмократија, се купува, се манипулира, со неа се владее, а кого владеат?????..се разбира ТИЕ кои секога ги викаат РОБОВИ, без разлика како и колку гласате секогаш е РАМКА и ОГРАНИЧУВАЊЕ во кое живеете. За да бидеме реални, посебно во политиката како зрели личности, да не идеализираме, нашава борба, како мојава на улица Киро Крстевски Платник во ЦЕНТАРОВ на Скопје, потребно е да се бориме за проширување на таа рамка до максимално можни граници, бидејќи ние слобоните не сме мнозинство, малку сме, но доволни да ги водиме, охрабруваме нашите, сличните на себе, блиските во борба, а не во страв и филозофирање како покритие за тој страв, за да РАМКАТА ЈА ПРОШИРИМЕ до крајно можни граници, за да може раат да живееме како СЛОБОДНИ луѓе, со трошка достоинство, меѓусебно уважување и почитување, едноставно да бидеме насмеани и весели луѓе кои се НАШИ, СВОИ, затоа што ист јазик говориме, исти сеќавања имаме, сказни за исти луѓе почитуваме, иста ИСТОРИЈА негуваме, Македонци се нарекуваме.
Затоа….., откако докторите во СИСТИНА тиквата ми ја закрпија, откако над мене се појави лицето на мојот брат, на СестраБиљана комшиката моја и веднаш потоа на Мечка брадата ја здогледав, млад новинар и пријател, а веднаш потоа и Газдата, бев среќен затоа што видов дека ќе не биде, видов дека сепак Македонци различни и по кеш и по статус во ошштеството, за партии не ни сакам да размислувам, дотрчаа над креветон флекав од крв и лигавици, да ме видат, да ме прашаат како сум, мене старото д.ртле од 55 години. Сите тие луѓе, во СИСТИНА кои дојдоа, ги баталија бројките од почетокот на текстов, времето и кешот, за момент го заборавија и дојдоа затоа што сметаа дека сепак човекот е по вреден од броевите, посебно што тие неколкумина кои први дојдоа освен брат ми и комшиката, мене ме познаваа и комуницираат не за бизнис и кеш, туку искључиво заради моите политички ставови. Епа токму тие луѓе и случката ми беше првиот АНАЛГЕТИК кој направи да се насмеам и да направам селфи со Мечка и неговата брада, да ги стокмам трите прста крш напраени, со сонцето во средината, скршен како куче, ама насмеан, од срце насмеан и среќен нормално, искршен а среќен….тој аналгетик наркоманине што ме нападнаа никогаш нема да го почуствуваат.
Затоа да повторам, броевите со кои секој ден се тркате се само алатка, орудие за постигање на ИДЕАЛИ или барем живот близу до идеалот кој се нарекува СЛОБОДА, кешот и времето се НИШТО самите за себе без СЛОБОДАТА.
Се отспав убаво, од мал спиењето ми е најдобриот лек, така сум научен, се разбудив, отоците пораснале уште повеќе, болките на момент беа три пати поголеми, во тилот на мојата тврда тиква лоцирани, едвам го грабнав телефонот кој ноќта ми го донеле, Фејсбуков да го отворам, да видам што и како системот менаџирал, што и кој како доживеал тепање на старец од 55 години.
Не беше лежерно, битно ми беше да видам што зад себе сум оставил, што сум правел во последниве 4 години, па клик на тоа плавото големо Ф и хоооп минатиот труд се отвори.
Кога го видов… морам да признаам Дикишот беше голем, скоро солзи ми потекоа ама од ќеиф… видов тоа што никогаш не сум го очекувал….видов дека бескрајните статуси и везења по мрежава не биле бадијала…видов дека целиов ДипШит и неговата наркоманска армија не успеала во намерата, Видов Македонци кои ми даваат подршка и барем на еден миг, минута или две на мене помислиле и искрено се грижат и мислат на мене….Застанав….сакав нешто да пишам, да филозофирам, неможев….продолжив да читам, продолжив да го гледам мојот резултат од 4 годишна непрестана борба за Македонците, за достоинството, за СЛОБОДАТА.
Тука завршувам, БЛАГОДАРАМ мои Македонци, БЛАГОДАРАМ камаради браќа и сестри што толку Ве има кои ми верувате…Благодарам Македонци што за мене се секирате, ме задолживте многу, ме задолжи вашата грижа, благодарам што на мојата мајка која плаче од секирации и дадовте причина да престане, да се увери дека се што сум правел не е за бадијала. Фејсбукот воопшто не е заебанција , пред неколку години ТРАМП тоа го призна, ама сите сосе мене сериозно тоа не го разбравме, борбата дури сега започнува затоа што пред 4 години ниту трошка од оваа борба, доверба и слога не постоеше, нека лајат неколку мина, нека цвичи и завива СИСТЕМОТ кој јас ДипШит или длабоки гомна го нарекувам, ќе не биде затоа што и во ДОБРО и во ЗЛО Македонецот конечно научи дека треба да бидеме заено, благодарам на сите ПАРТИИ и ПОЛИТИЧАРИ кои ми дадоа подршка без разлика дали и колку се искрени, во секој случај, нас Македонците ќе не биде, ќе бидеме СЛОБОДНИ, ќотеков е од другар од моето детство нарачан, миљардер, наркоман, кој со инсулин се боде, на кого крајот му се гледа, а сите Вие кои ме познавате само 4 години од политикава и фејсбуков, сите кои ме БРАНЕВТЕ, затоа уште еднаш, на сите Ви благодарам што со ЕНЕРГИЈА и КУРАЖ ме наполнивте, се ТЕПАМЕ до крај, нема НАЗАД по патот кон СЛОБОДАТА.
Камарад,
Палчо

Related posts

Leave a Comment