Колумни

Атина Белески : Слободата нема цена


👉И така се вратив дома, во суровата реалност. Толку многу се случило во меѓувреме….. но и непрестанува дури текстов го пишувам, што се прашувам зарем е можно?! Читав слушав и за глава се фаќав, сеуште сум во бунило!
👉Прво што прочитав Палчо бил претепан пред својот дом, за среќа преживеал , здрав е и добар е. Читајќи што како и зошто, патот ме доведе до Васе хефталица, ама тој за овој настан ниту А ниту Б, а се испотепа кутриот и испофали што го има Палчо како ексклузивец после излегување од притвор. Па другарка му Јоци која не можев да ја дочитам, зошто таква омраза не можам да сварам. Дури и на најголемиот душман и непријател, тоа што таа го напишала ниту би му помислила ниту би му посакала. Но, како велат старите секој со својот крст на чело.
👉 Васе почнал да жонглира со меѓународна и локална политика, со висока политика човекот е окупиран нема место кај него за ваков ситнеж. Политички анализи по нарачка почнал да прави, е тоа е парите вртат таму каде што бургијата не може. За време на предизборието кога повикував да се излезе да се гласа, пишував индиректно за ова ѓубренце. Многумина тогаш не ме разбраа и ми замерија. Глумејќи независен новинар, аналитичар и експерт ги пренесе жедни преку вода повеќето патриоти, кои трагајќи по вистината му се верна публика. Почна со емисии за откривање на вистина, претставувајќи се како патриот засегнат за Македонија и нејзината судбина. Ама како што тој љуби да каже во последните емисии пред изборите прави салто мортале, и многу лукаво го доподели патриотското крило. За да ден пред изборите излезе со изјава СДС ќе победи.
👉Гледам и слушам човеков ептен влегол во филм, што би рекол поручникот Михајло Улемек од Аркановата гарда: ” Сине па ти се бодеш”. Вакви глупости да истрешеш во две-три емисии навистина или си на јаки дроги или не си со сите. Ај со ред!
👉Во претпоследнава анализа цела емисија му е буквално за Заев колку бил мудар, колку бил послушен ова послушен посебно потенцирам бидејќи милион емисии потроши на Курто и Мутро и на тоа колку се сервилни. До таму дека ги пуштил низ вода Вучиќ и Борисов, слушаш и не ти се верува. Заев ги пуштил низ вода ортаците свои, ма дај бре не ме зезај! Сигурно и дедо Наум е во тој пакет. И слушам раскрстил со структурите на БИА, не може да не се згазиш од смеење. Чија структура и инсталација е Љубави? Оној Стево на кој во 5 до 12 му јавија да го откаже кобното патувањето со Претседателот Борис Трајковски? Само нему и на Борјан Јовановски така им се сони или им дојавија? Овој Стево кој ни најавува воведување на 5Г мимо апелот на лејди Кејт! Па за толку небитна работа мора да свика Совет на безбедност и да потпише меморандум со Нато! Оној Стево кој пред извесно време истресе зелени и остана жив, за време на Втората светска војна сме биле на погрешната страна затоа сме страдаме. И затоа сега не смееме таква грешка повторно да си дозволиме.
👉 Па до таму Васе лупа што Мицковски да ти бил мада фака. Слушаш и се газиш од смеење, се може да ми пројде низ глава дека Мицковски е Ал Капоне нити у сну. Мицковски како лик воопшто не ми е битен, поготово во ова што сега го пушувам. За него немам некое посебно мислење, затоа го спомнувам низ призма на мојата перцепција. Еднаш го претставува како неурамнотежен, малоумен, дебилен, неспособен, а во друг момент како исклучително префриган мафијаш со тапија!!! Мицко да ти бил најдобар другар со Борисов, Каракачанов и тие по негов налог го проблематизираат Гоце Делчев и нашиот влез во ЕУ. Ало Васе, Мицковски ли го потпиша договорот за добрососедство, тој се договарал со Борисов што да шитне? Тој го шитна Илинден, Цар Самоил и Кирил и Методиј? Брбс на Б’лгарите им го честита 24-ти Мај не нам, и тоа е заслуга на Мицковски нели? Па оди до таму и вели Вучиќ го пушти низ вода со потпушувањето на говорот во Вашингтон, па на ВМРО му остана Дачиќ.
👉Слушаш и се газиш од смеење па да беше Мицко толку јак и да ги држел во рака сите тие манги ќе победеше, ама не е така. И доаѓаме до клучната точка на вриење кога оваа анализа е со мали измени копи-пејс на статус на Петар Богоевски-Бунтур. Оној Петар пудлицата на Бејли кој на изборите не освои ниту еден глас. Оној Петар кој одработи за сега да сме никој и ништо, замисли Мицковски му се заканувал со убиство потпомогнат од Каракачанов! Истиот статус го споделува Јоци и го составуваш мозаикот. Спинер мајстори на батерии! Истата цуца после нападот на Палчо кога сите прашуваат кој и зошто би го нападнал, споделува статус во кој Палчо му се обратил на Мицко со совет за последен пат. И таа шутрачка го посочува Мицковски како можен извршител.
👉А истата убаво си кажа после изборите сите ние новинарите верни подржувачи на СДС се договоривме за време на кампањата ни А да не напишеме против СДС. Толку мили мои од независното новинарство, продолжете и понатаму да ги читате, да ги гледате рејтингот и гледаноста да им го кревате! Васе продолжува со тоа што го велича и Љубчо Георгиевски кој бил исклучително мудар и послушал што му било кажано. Па затоа Заев како исклучително послушен кој спроведува се што ќе му се каже, Македонија во ЕУ ќе ја внесе! Ех, Васе Васе ако како што велеше во некое блиско минато дека Заев е предавник и ти не си поарен од него, бетер си. Џабе правдање со не дека јас ова го сакам и го оправдувам, но знаете како, морам да го прифатам. Во предизборието од сите страни се слушаше нумерата “Налеј, налеј” посветена на Солунските атентатори. Која се родила во моментот кога тие млади момци стапнуваат во Марсеј, пред да испловат за Солун. Ех море Васе, да знаеле тие млади луѓе дека еден ден целиот труд ќе им биде залуден поарно да си останеле таму и ќеифот и меракот да си ги тераат. Да знаеле дека ќе се изродат толку продадени душички, не само тие туку и Гоце Делчев и ред други револуционери можеле да си седат по кафеани и да си го жеваат животот, наместо за некоја Македонија да гинат. Не знаеле дека ќе се изроди таков џган, кој без око да им трепне ќе ги продадат за пет пари. Та ај што целиот труд и мака за која се бореле им биде јабана, туку и во гробовите да се превртуваат и мир да немаат.
👉Ех, море Васко тоа се вика кукавичлук, што да правам морам да прифатам. Не тоа не е изговор, мора само да се умре, се останато е обид да се оправда кукавичлукот. Овој систем е трул, но тој зависи исклучиво од нашата подршка. И стигнуваме до ликот за кој почнуваат копјата да ги оштрат со другарка му Јоци. Професорот д-р Вело Марковски одкако станал член на Извршниот комитет во ВМРО. Наводно бил член во партијата на сестра Љубе, а пред овие избори сакал да стане член во партијата на Бунтур. Другарка му вади од нафталин текстови од 2001 со бившата му сопруга наводно бил криминалец, проневерил незнам што и бил сменет од функција! Добро бре бувашваби кај бевте до сега, од почетоков на кризава со вирусов човекот одеше по телевизиите. Зошто тогаш не гугнавте за каков калибар на човек станува збор. Или тогаш го дискредитиравте покажувајќи колку млада жена има! Зошто не е санкциониран до сега, а?! Секој е невин дури спротивното не се докаже шутраци. Како вели Маргарет Тачер: “се дури ве напаѓаат на лична основа, значи дека не им останал ниту еден политички аргумент”. Е ова е фабрика за лажни вести за која Васе збори многу често. Дури беше сам човекот остај го небитен е. Штом станува дел од партија небитно која, тогаш дискредитација по сите основи. Не бе ова е едно болно, лудо искомплексирано, исфрустрирано и изопачено труло општество!
👉Врвот на идиотизмот Васе во вчерашната анализа го потврди. До душа троа умерен околу Мицковски ама на тапет беше проф.д-р Вело Марковски кој заради сопствените ставоти ќе не раскарал со СЗО. Само уште тоа ни фалело! Се гордеел професорот дека 2003 на сите страни апелирал дека нема свински грип, за малку избегнал атентат. И што бре Васе предлагаш да си плукне на дипломата, на Хипократовата заклетва на која се обврзал ради некоја СЗО, како што направија повеќето од нашата медицинска фела? Алал да ти е, како бре се раѓате така корумпирани така покварени, со какво млеко ве доеле изроди едни? Бубашвабо една, да бидеш Човек во вакво време е доблест. Да ја кажеш вистината во време на светската лага е револуционерен дело! За жал денес лагата и кодошлукот се на цена! Како вели Ернесто Че Гевара: “Револуцијата не е јаболко кое паѓа кога ќе и дојде време. Ти си тој кој треба да го натераш да падне”. А, ене го д-р Сладољев кој е запишан во ООН токму заради тој свински грип, од сите страни се бори прорив оваа пландемија, па Хрватите се гордеат со него. Го имаше адмирал Лошо кој во емисија ти го спомна професорот наш. Скоро сите интервјуа на професорот се преведени и кружан низ бившата ни држава. Шат пат некое од останатата булумента од доктори експерти, но во негативен контекст.
👉И замислете што овој “новинар” продолжува да лупета, така раскарани со СЗО ќе не раскарал и со Сорос, со длабоката држава со сите! За вакви болести нема лек во апотеките. Зошто гледам Словенците кои одбија воведување на 5Г и ги заштитија изворите за вода со Устав, раскарани се со сите. Е, од ваквите врти капи страдаме, во една од анализите помина реклама за ВЕРНА картичката чисто да се знае од каде дува ветрот. За тоа Мицкоцски е толку моќен па го срушил Рекет, па сега Македонија ја минира на пат кон ЕУ. Замислите вратите ни се ширум отворени само Мицковски не кочи. Ние пред Бриселските порти да сме биле, црвен тепих пред нас послан, сите не молат да влеземе у ЕУ, само Мицковски не влече назад! Па си кажува бајки, како Заев ќе не внел во ЕУ па сите во иднина ќе се чуделе и така натака, не липши магаре за зелена трева! Толку за Васе и болументата околу него!
👉Некој ќе каже небитен е што трошиш муабет на него, за да покажам колку државново раковотство појма нема на каде тера. Затоа дебело плаќа вакви потрчковци, зошто кога немаш да испорачаш реална политика се занимаваш со дворски игри и замајуваш народ со евтин театар.
👉Идемо даље!
👉Министерот за здравство најавил дека се разгледува можност маски да се носат задолжително и на отворено, зошто вирусот можно е потикнат од ПМ честичките да биде фатален! Плус и да се избегнува ракување, абе моронче тргни прво од себе и тие од Владата сите се ракувавте со Премиерот кога ви ги даваше министерските решенија, кого Вие заебавате? Прашувам што направивте 4 години по прашање на загадениот воздух? Освен што сега се запали инспекторатот за животна средина, па нема податоци за трујачите и одговорност за 3.000 годишно починати од загадувањето? Кое за срамота немало исправна хидранска мрежа! А, инспекторите од ДЗС хараат по државава и дебело казнуваат токму за тоа!
👉Ама затоа Љубави не теши немало да има нов карантин, економијата тој удар тоа немало да го издржи. За која економија Стево збориш, за оние микро мали и средни претпријатија кои се затвораат! Си прошетал по ГТЦ, ТЦ Бисер и други слични места да видиш на што личат? Ама не само ти туку и оние кои ГТЦ го гушкаа, мукла- штама! Зошто едно време прислушуваните разговори беа за деградирање и уништување на секој неистомисленик кој на патот ти стои. А сега тоа е вирусов и кластерите од него, па така затвораш цели погони, дуќани и фабрики му се реваншираш на секој кој не ти е по ќеиф. 👉Ако тргнеш од тоа дека досега се направени околу 176.000 тестови. Ако ја помномиш таа сума со минимум 4.000,00 МКД се доаѓа до поприлично убава сума 704.000.000,00. Кога ја знаеш реалната цена на тестовите, овде нешто многу мириса. Затоа ова може да си потрае до недоглед, игри без граници! Овде ништо не е бесплатно, какво едно општество за сите тоа е обичнаа флоскула.
👉Па читаш споменикот на Крсте Петков Мисирков бил отстранен, па нормално според новата нормалност човекот е Б’лгарин. И нели бидејќи Б’лгарите пред нас влегле во ЕУ имаат ексклузивно право на историјата и ликовите до 1945 година. Па читам министерка сме имале за култура, ај честито! Која уште не седната ќе правела ревизија на Скопје 2014 и ќе ги отсранувала спомениците. Читам многумина кои негодуваат, па пишуваат што и како. Не бре луѓе остајте ги, тие ја сакаат болката и гневот на народот, живеат тоа да го испровоцираат тоа им е насушно потребно додека во позадина ни кројат нешто друго пострашно. Ова им е за дефокусирање, остајте ги сами да се закопаат.
👉 Руши сестро се до земја да срамниш! Ама де при раката ти се отвори тоа тефтерите види колку Бетка се офајдила, колку и лепело рачето па нема ниту еден предмет против неа, откако се испазари за Уставните измени. Како бре за тоа Скопје 2014 нема предмет и никој нема да одговара? Појео вук магарца! Па од како убаво ќе ги проучиш книгите де испрати и финансова инспекција во Еленица и Бетон Штип овој вториот субјект за жал во стечај експресно го испратија, разгледај ги и нивните книги и на ред други изведувачи и подизведувачи. Собери им ги парите што ги испумпале од буџетот и народот го опјачкале, врати ги во буџетот и наложи им како казна тие дека го финансираат рушењето на свој трошок. И немој да го заборавиш хотелот на сред плоштадот пошто и тој е дел од тој проект. Е тогаш сестро сите ќе ти кажат Браво, аферим! А вака си иста мустра како Шилегов и Грчев, разлика никаква.
👉Не можете се да срушите колку и да сакате, се да избришете и сокриете, се да фалсификувате! Во Скопска Црна Гора во с. Бањани има црква Св. Ѓорѓи од 1548 година, во црквата има фреска со Александар Македонски и тоа ќе го избришете ќе го избрусите? А такви докази има на секоја педа на оваа света земја. Па ова лудило започна за време на карантин, со брусење на сонцето од шахтите и пред општинската зграда во Паланка. Летово битолчанец беше казнет зошто го развиорил знамето со сонцето од Кутлеш. До толку се без акал, па велат казнет е за Македонско знаме. Ќе се зачудев ако го казневте за знаме на туѓа држава, идиоти до идиоти.
👉На таквите квази патриоти како Васко и компанија туѓо им е родољубието, не можат да разберат што е тоа љубов кон татковината. Зошто за нив се е изнудено, се има цена. Човек кој не знае да ја љуби татковината како сопственото чедо, лишен е од највозвишеното чувство. Тоа не се купува, не може да се раскаже, не се поклонува или го имаш или го немаш , друго нема. Тоа се учи од мали нозе, ама овде кај нас децата на нови нормалности се учат. Зошто и да побараш тоа да биде задолжително од градинка па понатаму во училиштата, ќе те прогласат виновен за индоктринација почнувајќи од Најчевска па ред други неолибералисти и активисти. Зошто до тоа дереџе е дојдена работата секој национализам се подгрева на максимум, само Македонецот не смее да е Македонец. Само Македонецот се толче и се ништи, да кажеш дека си Македонец тогаш си прогласен за се, само не за човек. И тоа народецов го гледа и како хипнотизиран мува не го лази. Милан Кундера пишува за тој синдром: “Народите се ликвидираат така што најпрво им се одзема сеќавањето. Им се уништуваат книгите, образованието, историјата. Некој друг ќе им ги напише книгите, ќе им дадат туѓо образобвание и ќе им измислат друга историја. И народот постепено почнува да заборава што бил и што е сега, а светот околу него ги заборава уште побрзо”.
👉Читам Маричиќ НВО активистот министерот за правда ќе носел експресно закон за воена и вонредна состојба пошто ништо не се знаело во врска со вирусов. Оној Маричиќ кој појма нема колку затвори има во државата, ама ќе му стави крај на криминалот. Како бре не се знае, кога од октомври се очекуваат нова генерација на кожни вируси, па во февруари до година и на крај октомври 2021 и тоа се под превез на ковид пландемијата. Ако се земе во предвид резултатите од германската лабораторија на примерок од детска маска после 8 часа користење на која се пронајдени 82 колонии на бактерии и на мувла, многу е јасно што ќе се случи кога ќе почне грејната сезона.
👉Читам се јавила и Лекарската комора, ќе ги превоспитувала лекарите за тоа што јавно го говорат, молам? Онаа комора која не ја санкционираше докторката Нина Биљановска сега ќе дели воспитни! Патем каде е сега докторката Нина? На сила е апархејт, по теркот како со д-р. Јадранка Бибан сите ќе бидат шиканирани. Забрана за пишување на ФБ, забрана за гостување во медиуми и тужба за навреда на НН лице. Ставовите што ќе се изнеселе требало да будат научно потковани види богати, се што не ви одговари и не ви е во прилог не е научно? Ај малку ретроградно за ставовите на Даниловски дека вирусот живее до 5 часа во воздух на кој научен труд е тоа засновано? Еве ЦДЦ деновите потврди дека тоа е нон сен, ќе го санкционирате? Не само него и Пановски и Чепреганов, или тоа за нив неважи? Кога мајтап си играа со народот Скопје под карантин, а привилегираните поитаа кон Маврово, Охрид итн. велејќи ова нема да се одрази на фактичката состојба на која студија се повикаа? Како и оној докторон директор на Козле, вирусот живеел во вода па не е препорачливо да се капете во реките, езерата и морињата само во базените и тој научно се повика? Да не ги спомнувам мерките за борба против вирус со маски, дистанца и карантини и тоа е научно поткрепено така? Да кажевте дека носењето маска е штетно по здравјето, дека последиците од вдишување јаглерод диоксид се: токсичност, намален вид, намален слух, отежнато дишење, мускулен тремор, вртоглавица, главоболка, несвесвесност, потење, зголемено срце биење, појачен крвен притисок! Извештајот на СЗО од 5 Јули е јасен: маските се задолжителни за лекарите, негователите и пациентите. Ќе го санкционирате министерот за мерките кои ги носи, за казнување луѓе што не носат маски и не почитуваат мерки? Како бре не се јавевте да ги преиспитавте мерките што се воведоа, колку е тоа научно поткрепено и со здравиот разум. Како тоа вирусот беше опасен за Христијанските празници, а не за Муслиманските и за тоа има некоја научна студија. За лажичето за причест, за литиите задушниците и тоа е научно потковано? Стари лица и деца во затвор бел ден да не видат, а домашни миленици со екстра слобода и тоа е научно потковано? За тестовите за квалитетот, сигурноста, цената на чинење уста не отворивте? За тоа дека ако приватно се лекуваш, терапијата не може на терет на фондот да ја земеш ако си осигуреник, за тоа уста да отворевте. За МОЈ ТЕРМИН кој до вчера беше замрзнат, луѓе хронично болни и болни со ретки болести пуштени низ вода. Ниту скриниг, ниту контролни прегледи имаше само ковид се лекуваше, за тоа да отворевте уста? За обдукции што не се прават а починатите се заведуваат како ковид случаи, за протоколите кои преку ноќ се менуваа? Да ја преиспитавте терапијата што се дава, како дексаметазонот и официјално од неодамна стана лек број еден, како се лекуваат пациентите од што умираат, зошто бројките се такви, штама?! Можам до недоглед, Вие сте бре погребална комора, комора на смртта покријте се и молчете! Лагата не може да стане вистина, кривото не станува право и злото не станува добро само затоа што како такво е прифатено од страна на мнозинството. Како вели Никола Тесла: “Асоцијалното однесување е знак за интелигенција во светот преполн со конформизам”.
👉На Архимандритот Дамаскин од манастирот Св. Гавтил Лесновски му се изгубила трагата! Па читам оцрнување на истиот во него отсуство! Како бре исчезнал човекот, земјата го проголта? Животинче да беше до сега ќе го пронајдевте! Или позадината е друга, да го замолчите оф гревчиња оф!
👉Слушам грозјето се откупува за срамни 4 денари, еј на времето за 5 денари мастики ни даваа сега 1кгр. грозје! Па се прават спинови од џукели пуштени на јако за да се замолкне јавноста. И ќе се оди на нови карантини и заклучувања за да нема протести од како сите ги вратија на работа за да може театарот на играта на испаѓање (слабија карика) да им пројде. Следат масовни отпуштања, затоа тој бес и револт мора да се пригушат и дефокусираат со маргинални работи. А бога ми и мора да се најде нешто со кое народот ќе се поткупи и залаже дури Гоце се шитка а државата се урива, црква ќе ни признаваат само незнам која, чија и со кое име?
👉Па така нов сет мерки, без мерки. Нови картички нови гужви пред банките. Ќе се помагаат вработените ама преку фирмите мижи асан да ти бајам. Пак газдите ќе си го земат кајмакот, народот со прстот во уста. Повторно фирми блиски до власта ќе си се офајдат, тие побогати а ние посиромашни па тоа и целта, ете тука сме на чекор до неа. Помош за овој помош за тој, никаде не слушнав интернет на товар на државата, набавка на компјутер или лаптоп за секое дете. Тури им пепел, и на Влада и на образование, на социјала и на сите!
👉Слушам Јанкуновска спроведена во Идризово, ечи фејсбук конечно редно беше. Ало бре, за што е осудена за мерцедесот ех бре шушумиги, многу е лесно да ве вртат околу малиот прст. И Миле и сите да ги затворат а ќе ги затворат затоа толку развлекуваа до сега, им треба коска која ќе ја глодате додека ви ја ништат државата. Кај се парите кои нели се опјачкани а, ставете прст на чело? Завршија пред туѓи душмански дворови, еден ден ваљда ќе ја разберете игранкава!
👉Јас ќе прашам кај е и кој е убиецот на Нешковски, кои се извршителите на масакрот во Смилковското езеро?
Е кога тоа ќе се реши ќе поверувам во правдата. Се дури правдата е погребана не можете да ме убедите и не ви верувам. Пред извесно време беше ослободено лице кое усмрти човек, а сопругата плодот го изгуби. Не е битна ниту Јанкуловска, ниту Миле ниту Грујо, ниту Петко ниту Трајко. Боли што лице како Славица Чочоровска соли памет по нетов. А како стигнавме до таму, па така што заборавивме на неа, на Соња Николовска и ТАТ која одлежа смешни три години затвор. Што заборавивме на министерот во тренерки Јане Миљовски кој во вреќи изнесе 3 милиони марки за да сега Нина во 2020 си спаси 200.000 евра, заборавивме на Сиљан Мицевски градоначалникот на Битола во тоа време, на Бузле и редица други. Заборавивме на “Крив правец” на Данчо Шутурков близок со семејството на Нина, на куќата на нејзината баба во Брајчино која беше куплерај на светскиот џет сет, за сега да е етно ресторан, затоа се како бумеранг ни се врати. Така некако стојат работите, ама ние сме со кратка меморија за жал!
👉Затоа не само оваа на Трифун банката, туку и редица други банки ќе почнат да пропаѓаат, зошто Народнава ни банка не е наша лична, на Ротшилдови е. Имаше еден разговор на Хари Костов со инспектор од МВР во кој му вели: “никој не сака банкари, ама кога на пример на Буцо Лазов ќе му дадам кредит кој не мора да го врати тогаш сум ептен добар”. Стабилен бил монетарниот систем, како да не подигнете ги штедните влогови па ќе видите како се како кула од карти ќе пропадне. На страна апашлукот преку платниот промет и привизиите со кои народот се пљачка.
👉Во светот уште по драматично, она што се случува во Нов Зеланд и државата Викторија во Австралија е пресликана НР Кина. Слушам СЗО планира луѓети над 45 години да ги изолира и да упаѓа по домовите со намера да се почитуваат мерките. Не ме ни чуди видовме на протестот викендов во Лондон како го спроведоа во марица германскиот доктор Хеико Шонинг само за да демонстрираат моќ и да посеат страв. Истиот е пуштен на слобода, ова ме потсеќа и на апсењето на Стивен Бенон итн.
👉Кога го прашале Херман Геринг, мајсторот на пропагандата, зошто луѓето послушно ги следеа нацистите на власт, тој вели: “Многу едноставно. Тие не не слушаа заради нацизмот. Не не слушаа заради идеологијата. Послушноста нема врска со нацизмот. Послушноста можеш да ја издејствуваш и во социјализам и во комунизам и во демократија. Послушноста е во нашата човечка природа, а копчето на кое треба да стиснеш – е стравот. За да те следат доволно е да им наметнеш страв, толку голем што ќе ги ждере одвнатре. Потоа ти не мора да измислуваш нови начини како да го контролираш нивното однесување. Тие ќе те следат во се, затоа што стравот ги држи потиснати во умот и душата.”
👉Махатма Ганди вели: “На лошиот систем највеќе му помагаме со извршување на наредбите, кои тој ни ги наметнал. Тој систем не заслужува таква послушност. Послушноста е зол чин. Добрата личност со целото тело и душа ќе се спротивстави.”
👉Или како вели Мартин Лутер Кинг: ” На крај нема да ги помниме зборовите на нашите непријатели, туку молчењето на нашите пријатели.”
👉Затоа сите едногласно да кажеме ДОСТА Е!
👉Да се избориме за парче сино небо, за себе, за децата, за сите нас кои ја љубиме татковината своја.
🎯Во Среда 30 Септември без изговор сите до еден во 18:30 во Градски парк пред Школка, за животот за слободата се работи, тие немаат цена за нив се бориме!🎯
👉Дојдете заради децата кои ни се најсветото, кои се нашата иднина!
👉Да се избориме за нив, кога се прокоцкаме барем нив да не ги жртвуваме!
👉Да не се доведеме во ситуација да не презираат сопствените деца еден ден, зошто од тоа поголема казна нема!
📌Разбуди се Македонски народе, доста е!

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment