Мал авион кружи над градот Тупело во американската сојузна држава Мисисипи, а пилотот се заканува дека намерно ќе удри во супермаркетот „Волмарт“.
Полицијата во Тупело, град во сојузната држава Мисисипи, соопшти дека пилотот, кој од утрово кружи над градот, се заканува дека ќе го урне авионот во супермаркетот „Волмарт“.
Video sent by @AlyssaWTVA of the plane that's threatening to crash in Tupelo. https://t.co/hfbBIAjpD6 pic.twitter.com/5uEwagzsJI
— WTVA 9 News (@wtva9news) September 3, 2022
Велат дека најверојатно се работи за авион од типот „king air“.
„Полицијата веднаш го контактираше „Волмарт“ за да ги евакуира сите од продавницата и да ги премести луѓето што подалеку. Полицијата успеала и директно да разговара со пилотот“, се вели во соопштението.
Од граѓаните беше побарано да го напуштат просторот околу „Волмарт“ додека не се расчисти ситуацијата и полицијата соопшти дека опасноста е завршена.
„Имајќи ја предвид мобилноста на авионите од тој тип, опасната зона е далеку поголема од самиот град Тупело“, се вели во соопштението.
На социјалните мрежи може да се видат снимки од авионот кој кружи над градот.