Европа

Австрискиот претседател повика на прекин на „заплашувањето“ по самоубиството на докторка која наводно добила смртни закани од антиваксери

Австрискиот претседател повика на прекин на „заплашувањето“ по самоубиството на докторка која наводно добивала доби смртни закани од групи антиваксери и теоретичари на заговор за пандемијата на коронавирус.

Да ставиме крај на ова заплашување и поттикнување страв. Омразата и нетолеранцијата немаат место во нашата Австрија, рече претседателот Александар Ван дер Белен, осврнувајќи се на Лиза-Марија Келермајр која како лекар се залагаше за лекување на луѓето, заштита од болести и за внимателен пристап кон пандемијата, при тоа заборавајќи да каже дека истата беше една од најагресивните промотори на присилна вакцинација и заклучување на луѓето.

– Но, тоа налути некои луѓе. И тие луѓе ја исплашија, ѝ се закануваа, прво на интернет, а потоа и лично, директно во нејзината канцеларија – рече тој.

Телото на докторката – која често даваше интервјуа за медиумите за борбата против коронавирусот и агресивно промовираше вакцинација – беше пронајдено во петокот во нејзината канцеларија во Горна Австрија.

Медиумите се повикуваат на обвинителството, според кое е пронајдено и проштално писмо, па затоа не се планира обдукција.

Австрија минатиот месец ги укина плановите за воведување задолжителни вакцини против Ковид, велејќи дека мерката веројатно нема да ја зголеми една од најниските стапки на вакцинација во Европа.

Десетици илјади луѓе минатата година редовно демонстрираа против „заклучувањето“ и плановите за воведување задолжителни вакцини, што укажуваше на неединството на јавноста кон мерките што ги доживеаја многу други земји.

Но, смртта на оваа лекарка ја шокираше земјата.

– Омразата кон луѓето е непростлива. Оваа омраза мора конечно да престане – изјави министерот за здравство Јоханес Рауч.

Related posts

Leave a Comment