Македонија

Агенцијата за медиуми покрена постапка за утврдување на сопствеништвото на 1 ТВ и одземање на лиценцата!

 
 
 

 
 
Советниците одлуката ја донесоа едногласно, а постапката е покрената согласно членот 34 од законот кој забранува скриено сопствеништво.Kако официјален сопственик на телевизијата е запишана БМЈ медија груп, во сопственост на Миле Јовановски, но во јавноста како сопственик се претставува неговиот син Бојан Јовановски, познат како Боки 13.
Постапката беше отворена откако Јовановски минатата недела даде интервју на 1ТВ, во својство на сопственик на телевизијата. Повод за интервјуто беа информациите во јавноста дека медиумско-политичка спрега на група луѓе кои се именуваат под псевдоними Коки, Кики и Фрики, изнудуваат пари од бизнисмени и градоначалници.
По ваквата одлука на Агенцијата, Бојан Јовановски сега има 15 дена да поднесе писмена изјава заверена на нотар дека не е сопственик на 1ТВ. Конечната одлука АВМУ ќе ја донесе откако ќе го добие одговорот од Јовановски.
 
Извор : КАНАЛ 5
 
 
 https://youtu.be/bhDvmA14m7Q

Related posts

error: Content is protected !!