Свет

Адвокатите на Асанж ја тужеа ЦИА и нејзиниот поранешен директор Мајк Помпео

Американските адвокати на основачот на Викиликс и своевидниот модрен Че Ге Вара во борбата за слобода на говорот, Џулијан Асанж, објавија дека поднеле тужба против ЦИА и нејзиниот поранешен директор Мајк Помпео, обвинувајќи ги дека ги снимале нивните разговори и копирале содржини од нивните телефони и компјутери.

Адвокатите и двајцата новинари кои се приклучија на тужбата се Американци и тврдат дека ЦИА им го прекршила уставното право на заштита на приватни разговори, во случајов со Асанж, кој е Австралиец.

Асанж се соочува со екстрадиција

Тие тврдат дека ЦИА соработувала со безбедносната фирма Undercover Global, која била ангажирана од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што бил заробен Асанж, за да го шпионира него, како и неговите адвокати, новинари и други луѓе со кои се сретнал.

На Асанж му се заканува екстрадиција од Велика Британија во САД, каде што е обвинет за објавување дипломатски документи за војната против Авганистан и Ирак во 2010 година. Според адвокатот Ричард Рот, кој ги застапува обвинителите, тоа значи дека правото на Асанж на правично судење е „повредено, ако не и поништено“, бидејќи „владата ја знае содржината на тие разговори“.

Асанж ја обжали одлуката на британскиот суд да го екстрадира во САД, каде што се соочува со затворска казна до 175 години.

Related posts

Leave a Comment