Албанија му понуди на НАТО користење на поранешната советска поморска база Пашалиман, соопшти денеска кабинетот на албанскиот премиер.
Премиерот Еди Рама рече дека поморската база Пашалиман, 180 километри јужно од Тирана, може да биде „додадена вредност“ за Алијансата и дека Албанија подготвила проект за нејзина обнова.
„Во овие опасни времиња, верувам дека генералот би можел да размисли да има поморска база на НАТО во Албанија“, рече Рама во вчерашното обраќање, пренесува Бета.
Базата Пашалиман, која се наоѓа под Валонскиот Залив, е изградена во 1950-тите кога Советскиот Сојуз донесе 12 подморници и беше единствената поморска база што ја имаа во Средоземното Море.
По прекинот на врските меѓу Тирана и Москва во 1961 година, Пашалиман остана како поморска база во која се сместени четирите преостанати подморници и други помали воени бродови.
Базата беше ограбена, вклучително и материјал од подморниците, во 1997 година, кога една од најсиромашните земји во Европа падна во хаос поради колапсот на пирамидалните штедилници во кои многумина ги загубија животните заштеди.
Три подморници се продадени за отпад, додека четвртата остана, а владата размислува дали да ја претвори во музеј.
Турција ја реновира базата Пашалиман, која оттогаш се користи како поморска база за некои воени бродови кои патролираат по Јонското и Јадранското Море.
НАТО, исто така, започна со работа за подобрување на албанската воздухопловна база Кучова од времето на комунизмот, 85 километри јужно од Тирана, за да се овозможи таа да се користи за операции на Алијансата.
Албанија е членка на НАТО од 2009 година.