Колумни

Александар Македонски, Самоил и Богомилите, ја знаеа тајната вештина за борба против матрицата на овој свет

Наместо клише со честитка за среќна нова, гарнирана со руска салата и шампањ, решив да ви ја подарам црвената пилула заедно со упатство за нејзина употреба.

Откако ќе ја голтнете отидете до најблиското огледало и внимателно анализирајте го ликот проектиран во него.
Што видовте во одразот од огледалото?
Уплашено дете?
Мудрец?
Воин?
Роб?
Послушен поданик на системот?

Можете буквално да изберете било кој од набројаните ликови бидејќи црвената пилула го овозможува истото.
Доколку избравте да бидете мудрец или воин или лик кој ќе ги има и двата атрибути во себе, тогаш можам да ви посакам среќна нова.
Не само да ви посакам, туку и да ви гарантирам дека во престоечката година, навистина ќе бидете горди на самите себе бидејќи ќе имате можност самите за себе да одлучите дали ќе бидете вистински луѓе или само холограмска проекција.
Самите ќе одберете дали сакате да живеете во илузија дека некој друг е предодреден да донесува одлуки место вас, за вашето право на избор, за вашето здравје, дали сакате да останете виртуелен фејсбук херој, кој за грст лајкови од полу разбудени луѓе ќе го храни своето его останувајќи да живее во виртуелниот меур, нудејќи им на полу разбудените, површни одговори, најчесто без идејни, за тоа колку се штетни вакцините при тоа да нема мадиња да пише вакцини, да не го разгневи архитектот на нему удобниот мета верс свет, па место вакцини пишува: васини, ва@цини, боцки, кромид и што уште не друго. Епа драги мои, воините со испиена црвена пилула не можат да бидат водени во вистински битки од некој кој се плаши во нестварен свет да изусти вакцини и ковид. Оставете ги васини и кромид плашливците зад вас да играат камај оти се уплашени деца и заедно да појдеме во битка против матриксот и неговите одржувачи.
Откако ја поминавте оваа фаза, ќе ви кажам радосна вест, дека ќе ви биде откриена тајната вештина за борба против мајата која веќе ја имате во вашата днк, бидејќи вашите предци успешно ја победуваа илјадници години наназад и оставија сведоштва за тоа во александриската библиотека основана од најголемиот човек до сега кој ја газел земјата, лично Александар Великиот Македонскиот и иако беше запалена од многуте агенти смитсовци од тоа време преправени во римски војници, таа преживеа во нас, пренесувана од колено на колено.
Тајната вештина ја имаа и богомилите и великиот цар и војјсководец Самоил.
И не се грижете ако сме малку. Александар со 20 илјади избрани го ослободи тогаш познатиот свет од матрицата, Богомилите, масакрирани и десеткувани го разнесоа факелот на слободата низ целиот свет и ја донесоа зората на ренесансата.
Среќна нова 2022 воини, добро дојдовте на првата борбена линија!

Владимир Трајковски

Related posts

1 comment

Влатко 02/01/2022 at 08:23

Можеби ја знаеле тајната. Ама и нив матриксот ги ,,здробил” знаеме од историјста кој ни е кажана.
А во текстов нешто и не прочитав што била тајната.

Reply

Leave a Comment