Колумни

АЛИСА ВО ,, СЕВЕРЕН ,, АПСУРДИСТАН – ЗОРАН КУРЉАН

 

После целодневното дружење со ,Големите Бели , и подмладокот од , Ландрас,-ите , Алиса зачекори во омилениот паб ,, Пиг Бреин ,, надеваjќи се на долга – пиjанка , своjствена на петочната вечер и саботната треска – последователно.
,,Ху д фак ис Алиса?,,?- ќе се запраша внимателниот читател. Таа е млада девоjка , ни убава , ниту грда. Со висина од 3 стапки и 28 инчи , гордо го носеше прекарот,, Весло ,,( кое повеќе се однесуваше на неjзините женски ,,заоблени ,, места , отколку на неjзиниот раст ), а огнено- рижата коса jа формираше во облик на морков , за да не и пречи во работата , коjа не познаваше викенди . За возврат ,резултатите од неjзиниот труд , во секое време овозможуваа сендвич со свинска шиjа и англиски ( не- шкотски ) ,, хагис,,. Алиса , не беше поклоник на ,пачата , но затоа барем еднаш во неделата се насладуваше со гравот , во чива чорба пливаа кожинки , опавчиња и уши од ,, доброволно ,, предадените на човековото карниворство – свињи. Мечтата да настапи како солист на харфа во ,, Алберт Роjал Хол ,, животот jа протолкува на своj начин , па таа и на 29 години остана да се грижи за свинската фарма ,, Хепинес ,,оставена , во аманет , од сега веќе покоjниот стрико Дикхед и квадроплегичната стрина Манипени. Во питорескната ,рурална средина , на Jоркшир таа не се наjде себе си , но затоа имаше можност за практицирање и усовршување на ,,жичаното штракало ,,( како што со-селаните jа нарекоа харфата , подарена во детството од семеjниот приjател Мр. Чешир ). Кога за прв пат се проjде , со тогаш сеуште свежо наманикирани рачни прсти , по жиците вежбаjќи jа ,, Одата на Радоста ,, најблиските соседи дотрчаа со тукушто наострени вили и до сjаj наточени секири мислеjќи : повторно се вратил Винстон и го тегне за гениталии мачорот Феликс.
Од тогаш , многу свињи беа опрасени и многу крмаци скопени…
Уште на самиот влез од бирцузот , пафосно , наречен паб , неколкумина веќе лежеа на дрвениот патос , искезени како старец на излогот од ,, Црвениот Фенер ,, со бебешко беззабие. Други гласно се , натегаа , за политиката на премиерката со , елеганциjа на жирафа , нестрпливи во исчекување на вратоломниот Борис , од ,милост, наречен Сламениот Човек од Оз. , Градестата Моли, со навлажнета од разни течности крпа , го триеше стариот шанк , коj уште ги памети Марлборо и неговата жена Ана. Се како и секогаш во бирцузот, пафосно, наречен паб.
Со , не баш наjсреќен поглед , Алиса jа премери атмосферата во задушливото селско дувло и… се сети на жолто-каференгичното топчуле , што и го продаде Кинезот Суни Хуj Вчаj , при посетата на Лондон во Маj- оваа година.
,, Прошетаj го топчулево со палецот и показалецот неколку пати , и кога ќе сумиш дека пушта сок – залепи го на ободот од криглата полна со пиво. Потоа , отпивнуаj по малку , ќеифуваj , во вкусот ,како да целото време на овоj Свет ти припаѓа тебе ,,- ја проинструктира тогаш Суни.
Првот дел од , инструкциjата , Алиса го преточи во пракса , но под силата на надчовечката жед коjа jа чувствуваше како заповед по патот до бирцузот , пафосно , наречен паб , заборави на делот : ,, Отпивнуваj по малку…,,
Наеднаш , се наjде во сличен таков обjект , само што посетителите ги триеа малите напрстоци ( налик на шот-чашки ) меѓусебе , храбро гледаjќи се во очи. При тоа , со неописиво блаженство во очите , боцкаа од големата стаклена салатница правилно насечени делови од зеленчук , а на врвот од вилушките наденуваа полно-масно сирење со белина идентична со белината на забите од ликот на портретот обесен на ѕидот . Ликот беше насмевнат , дури – раскезен , како да уловил сом со голи раце , или среќен што собрал корнишони за милион евра , во еден ден. Насмевката беше толку широка , што на Алиса и се пристори дека дел од ,каламати , маслинка му останала на левото уво – на долниот дел , разбира се ,. Се случува , помисли Алиса , при оброк составен од пица и зелено пиво , тоа е честа поjава. Погледот и го привлече вентилаторо-образното знаме на северниот ѕид од ,, пабот ,, . ,Зраците , се стеснуваа приближуваjќи се кон ,Соларот , сместен во средината на знамето. Го напрегна сивиот дел од мозокот , обидуваjќи се да спомене земjа со такво знаме , ама jок… Да се прошируваа зраците со приближување кон Соларот насредина – тоа ќе беше знамето на Македониjа , а вака : Грч-Знамето остана неидентификувано од неjзиното знаење , градено , на лекциите по географиjа.
Алиса , се претвори во човечка среќа , кога барменот го постави пред неа , на бело – свежо штиркано миленце, пивото кое потеше во криглата. Повторно не го послуша советот на мудриот Суни Хуj Вчаj, и го ,дрмна , jачмено-хмељниот напиток, како да не постои утреш. За само 12 фунти , локна , уште две кригли од , потното , пиво и во одлично расположение излезе на дневното светло. Таму jа пречека толпа луѓе , облечена во тиркизни , празово-зелени, цикламни и жолти фустанчиња , со бели , портокалови , гугушливи …панделки – врзани на тиквесто-образните бучуци. А наjнапред , облечен како самураj од Трансилваниjа , чекореше насмевнатиот лик од портретот. Низ шпалирот од паметници , се движеше поворката воодушевени зрели мажjаци облечени во боите на Виножитото , кое се беше префарбало во црвено од срам , инкогнито чекаjќи во ,долгата опашка , пред амбасадата на Недоjдиjа.
Го префрли Алиса , мостот на желбите , растегнат преку полу-сувото речно корито и се наjде на спротивниот брег , каде царуваше ориенталниот букет-ароми. Таа сета, растреперена, во очекување да jа сретне Jасмина од 1001 ноќ, налета на бина обвиена со платно, на кое се соколеше птица со надреална стилизациjа и говорник на бината во маскирна одора. Молњи му летаа од очите и ,Калашниковот , нарамен како да се родил со него , се мавтвше улево и удесно на неговите плеќи. Не , ова не е Али… Баба , ниту е Синбад – си помисли Алиса.
После неколкуте пива , испиени претходно ,Алиса реши да влезе во еден од многуброjните места , кои со ширум отворени врати , ги чекаа своите пациенти желни за иритациjа на вкусовите рецептори. Целта и беше : олеснување на мочниот меур , но попатно го , прелиста, менито отпечатено на две страници и се наjде фасцинирана од кулинарската авантура , коjа се предлагаше : – бурек , ќебапи во лепиња ( или без неа ) и ќофтиња до сос од мелено месо. Особено jа израдува гарнирот: помфрит со маjонез и кечап.
Откако излезе од , дамската одаjа , беше пропратена од свежо испегланата насмевка од персоналот : ,,И оваа ни избега ! ,,- се читаше во очите на ,хостесата , . Продолжи да лута низ тесните сокаци ,маваjќи се со главата во последните модели на ,, Гучи ,, ,,Карден ,, чат-пат ,, Луи Витон ,, и останатата братиjа од светскиот врв на модниот ,, Аисберг ,,.
Соврши логичен круг во квадратот на , со камени коцки покалдармената шопинг зона , и на самиот излез сретна многу луѓе кои викаа : ,, Тутунот е наш – вратете го тутунот !,,. А на , тутуноберачите , како што разбра Алиса им се обрати сериозен човек , облечен во загасито – графитен костим , коj на себе носеше фризура во облик на тетратка со тесни- широки и ги смируваше луѓето :,, Тутунот е ваш , ама Филип Морис е наш ,,. Околу него , со поглед на гладна пирана , се мотаа ангели во сино , играjќи си со пендречните палки , вартеjќи ги со издашна виртуозност.
Скоро стигна до бетонскиот трговски мол , и го забележа Малиот Принц , како излегува од хотелот , насмевнато преброjуваjќи ги парите од продадените ѕвезди. Долгата колона на ВИП аута застана пред зградата со форма на искршен пентаграм и од неа ,горд како паун пред парење , излезе популарниот Вова Лексусов , и повторно …ликот од портретот , коj пред малку дефилираше во улога на самураj од Трансилваниjа , му се фрли во братските преградки на Лексусов . Ред солзи , ред други секрети , го исфлекаа новиот костим на гостинот , но тоj продолжи храбро кон следниот негов познаник со блага пепуновидна надворешност , на кого , исто така му течеа солзи од блиската средба .
Алиса , не можеше да се ослободи од впечатокот : самураjот е маскиран и обезмустаќен Борат …ама тоj е во далечниот Казахстан…или можеби е Тошо Малерот. Да , мора да е тоj! Тоj изчезна од естрадата , кога се поjави Самураjот! Многу улоги ,измери , на своjот талент Самураjот : бакнувач на ,, Монт Бланк ,, пенкала , премиер избран од ,лево , собрание , продавач на имиња и идентитети , подарувач на историjа , подржувач на гендерски таклаџии…
Се слушнаа сирени , како Пиколомини , да се вратил , а таму во ,,марица,, носеа Розев Фламинго , дилетант рекетар и во неговата сенка : обвинител(и) немушт(и) но со криминален ум и наум. . Дечкото со бенка , како ,лице со лузна, оддалеку гледаше и им раскажуваше на насобраните ; како системот ,, меле ,, ама само политички сираци. Чунки оние со родово ,педигре , си играат држава и Влада.
Од таму собранието , во кампот под ѕвезди , малкумината го креваа Александровото знаме…
Се подигна Алиса , во ниедно време , Градестата Моли веќе ги замиваше последните, пинти,.
,, Драга моjа , -и рече на Алиса ,,Фала му на Бога – повторно си дома . Следниот пат , сролаj си ,, Муртинска тревка ,, зошто таа е кревка .
Алиса , тогаш реши : – Следниот одмор , кога и да се случи ,ќе го помине во земjата на шаренилото , каде Борат е главен , а народот гладен…

 

ЗОРАН КУРЉАН

 

 

Related posts