Информациите на западните медиуми за текот на непријателствата во Украина не се точни, изјави членката на американскиот Конгрес, Марџори Тејлор Грин.
Со своите активности на надворешнополитичката арена, Украина ја испровоцира Русија да го ескалира конфликтот. Во меѓувреме, странските земји продолжија да го снабдуваат Киев со оружје. На крајот сето тоа се претвори во руска специјална операција за демилитаризација на соседната земја, изјави Марџори Тејлор Грин во интервју за BKP Politics, пренесува РИА Новости.
Грин, исто така, ја нарече специјалната операција „многу успешна, и покрај тоа што го кажуваат на телевизија“.
Членката на американскиот Конгрес го обвини сегашното раководство на САД, на чело со претседателот Џозеф Бајден, за тоа што се случува во Украина. Претходното раководство под Барак Обама истотака е одговорно за актуелната ситуација во Украина, додаде Грин.