Свет

Американскиот брод кој превезувал 10 Ф-35ки влегол во водите на Јужното Кинеско Море, поради зголемените тензии со Пекинг

Американската војска ја разгледува можноста за трансформирање на нивните амфибиски бродови во лесни превозници поради плановите на Пентагон да го намалат бројот на нивните “поголеми браќа”.

Американскиот амфибиски брод за напад, УСС ВАСП, кој носеше 10 борбени авиони од типот Ф-35, пловеше низ спорните води на Јужното Кинеско Море, во услови на тековни тензии со Кина, објави медиумот Национален интерес. Бродот се упати кон Заливот Субик на Филипините.

Бродот двапати го носеше вообичаениот број на борци, наводно тестирајќи ја теоријата на американската војска дека бродовите од класата Осп може да служат како мали авионски превозници поради плановите за намалување на бројот на големи превозници во флотата на САД.

Пекинг сеуште не коментира за премин на бродот, иако редовно го прави тоа кога бродовите на морнарицита на САД пловат низ спорните води на Јужното Кинеско Море.

Вашингтон тврди дека спроведува слободно практикување на навигациските операции но Пекинг ги окаректизира како “провокации” и бара САД да ги отстранат своите бродови од спорните води.

Спорот околу американското воено присуство во регионот,е оспорено од неколку земји, но во голема мера контролирано од кинеската војска, беше извор на тензии помеѓу Вашингтон и Пекинг, заедно со тековниот трговски спор.

Related posts