Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за национална одбрана Мариуш Блашчак.
„Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија (Полска армија) започнаа заеднички вежби на југоистокот на Полска со американските војници од 82-та воздушно-десантна дивизија“, напиша Блашчак на Твитер.
W weekend żołnierze z 18 Dywizji Zmechanizowanej @Zelazna_Dywizja rozpoczęli w południowo- wschodniej Polsce 🇵🇱 wspólne ćwiczenia z amerykańskimi żołnierzami @82ndABNDiv 🇺🇸. Konsekwentnie wzmacniamy bezpieczeństwo na wschodniej flance NATO. #StrongerTogether pic.twitter.com/NSWVsXZ3vP
— Mariusz Błaszczak (@mblaszczak) February 20, 2022
Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство неодамна распоредија дополнителни 1.700 и 350 војници во Полска, соодветно. Пентагон подоцна објави трансфер на уште 3.000 војници во земјата.
Пред доаѓањето на овие војници во Полска имало околу пет илјади американски војници во рамките на НАТО и билатералната соработка.Западните земји неодамна изразија загриженост поради наводно опасните акции на Русија во близина на границите на Украина.
Москва постојано ги отфрлува ваквите обвинувања, нагласувајќи дека никому не се заканува и нема намера никого да нападне, а тврдењата за „руска агресија“ се користат како изговор за да се постави уште повеќе воена опрема на НАТО во близина на границите на Русија.
Неоснованите тврдења дека Русија подготвува провокации продолжуваат да доаѓаат од Запад и покрај враќањето на руските војници во нивните бази по вежбите. Русија, исто така, постојано нагласува дека не е страна во конфликтот во Украина и дека тоа не е предмет на договорите од Минск.