Повеќето американски државјани не успеаја да го обележат Иран на нема мапа, според анкетата спроведена во Тајмс Сквер од страна на британскиот Индепендент. Исто така, истражувањето спроведено од страна на маркетинг компанија на примерок од скоро 2.000 луѓе фрли светло врз незнаењето за странските земји на Американците.
Независни новинари испрашуваа неколку десетици луѓе на „Тајмс Сквер“, а само едно лице успеа да посочи точно каде е Иран – млад човек кој рече дека е од Франција.
Повеќето анкетирани американци не успеаја да го покажат Иран, но неколкумина беа многу блиску, па покажаа на Авганистан или Саудиска Арабија, но еден испитаник посочи на Србија.
Иако не знаеја каде е, некои рекоа дека се залагаат за војна со Иран.
Некои од испитаниците не знаеле дека постојат тензии на Блискиот Исток , по повод убиството на иранскиот генерал Kасем Сулејмани .
Според истражувањето претходно спроведено од „Морнинг Консалтинг“ , 28 проценти од анкетираните американски државјани биле во можност да го лоцираат Иран на зголемена мапа на која се наоѓа Блискиот исток и делови од Европа, Африка и Азија.
Морнинг Консалтинг спроведе истражување над 1.995 државјани на САД со право на глас.
Iran is (and I spent my afternoon in the cold in Times Square confirming this thanks to @MorningConsult, so please watch this vid):
— Clark Mindock (@ClarkMindock) January 8, 2020