Можно ли е да се изгради рајот на Земјата? Јас тврдам дека за Словените е можно. А тоа е конфедеративна словенска држава.
Како што веќе е познато, идејата за обединување на Словенските народи постои многу одамна, но поради верските и историските разлики, кои вешто се “подгревани” од страна на нашите непријатели сепак е тешко да се примени во пракса. Но постои решение за ова прашање, a тоа е доброволно обединување на словенските народи, пред се врз основа на нашата крвна врска и заедничката исконска култура, во конфедеративна сојузна држава, со водечка улога на Русија како сила способна да го оствари ова врз принцип на еднаквост, со поетапно организирање на унифициран политички, економски, воен, царински, валутен, правен, хуманитарен и културен простор.
Очигледно е дека сите словенски народи ќе имаат само корист од ова обединување, со што ќе си обезбедат достојно место под сонцето, со гаранција за колективна безбедност и право на заеднички просперитет. Но додека се стремиме кон оваа голема цел, мора веднаш јасно да разбереме дека за нејзиното спроведување само желба нема да биде доволна, бидејќи она што е добро за нас е лошо за нашите непријатели, и поради тоа се подразбира дека тие ќе сторат се што е можно за да не спречат во тоа. Ние, пак, секогаш мора да бидеме подготвени за несебична борба за одбрана на нашите идеали, вклучително и со оружје во рака доколку е потребно, како што на пример, мојот сонародник и имењак – рускиот херој Андреј Владимирович Арансон, загина во битка со исламските терористи, но целосно ја исполни својата должност кон народот и Татковината.
Јас верувам дека доаѓа време за општо словенско будење и обединување во конфедеративна држава. Здравиот разум и нашите предци не повикуваат на ова, во името на иднината на Словените. Или сега, или никогаш, зависи од нас. Словенското сонце изгрева!
Андреј Родионов – Лидер на меѓународно движење за словенско обединување, Русов