Свет

Анти-владини марш за поддршка на Асанж ќе се одржи во Еквадор

Организаторите на претстојниот протест повикаа на мобилизација на национално ниво “да ја осудат неправдата против Џулијан Асанж”

Поддржувачите на поранешниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа, ќе одржат марш како чин на протест против политиката што ја води актуелниот еквадорски лидер Ленин Морено, поради неговата одлука да му се одземее азилот на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, објави партијата Граѓанска револуција во пост на Твитер.

Организаторите на претстојниот чин на протест повикаа на мобилизација на национално ниво “да ја осудат неправдата против Џулијан Асанж”. За време на маршот, кој ќе се одржи во главниот град на Еквадор, Кито, на 16 април, нејзините учесници ќе ја изразат својата индигнација во врска со активностите на претседателот, се вели во соопштението.Движењето за граѓански револуција го води Кореја, кој сега живее во Белгија од каде што доаѓа неговата сопруга. Во четвртокот, тој го критикуваше потегот на Морено на неговата сметка на Твитер,на која го означи како најлошиот предавник во историјата на Еквадор и Латинска Америка.
Во 2012 година, Асанж побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон за да ја избегне екстрадицијата во Шведска, која издаде потерница за негово апсење за сексуално вознемирување и обвиненија за силување. Неговиот најголем страв беше дека Шведска може да го депортира во САД, каде што ќе се соочи со 35 години затвор или смртна казна за објавување на класифицирани документи од Стејт департментот. Асанж ги отфрли овие обвинувања како политички мотивирани.

Во март 2018 година, Еквадор го забрани пристапот на Асанж до Интернет и неговата телефонска комуникација, тврдејќи дека Австралиецот продолжил да дава политички изјави. Во јануари, еквадорскиот министер за надворешни работи, Хозе Валенсија, го советуваше Асанж дека е подобро да ја напушти амбасадата на оваа земја во Лондон.

Во четвртокот, Еквадор го прекина политичкиот азил на основачот на Викиликс. Британската полиција го уапси Асанж во амбасадата на Еквадор постапувајки по американскиот налог за екстрадиција. Британското Министерство за надворешни работи и комонвелт и се заблагодари на еквадорската влада за помошта во апсењето на Асанж.

 

Related posts