Македонија

Арбен Таравари: Го добивме спорот против МОН, Адеми да се извини и да ги врати ингеренциите!

 

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на социјалните мрежи ја објави пресудата од Управниот суд во врска со тужбата поднесена од  Општината откако Министерството за образование и наука им ги одзема ингеренциите во образованието.

Таравари, побара министерот Арбер Адеми да се извини и да поднесе неотповиклива оставка.

„Министерот за ‘ингеренции’ и ‘окторорот за правни науки’, според Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на општина Гостивар. Почитуван ‘доценте’, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години! Правдата излезе на виделина!“, пишува Таравари.

 

Related posts

Leave a Comment