Во внатрешноста на ѕидините на Кремљ, откриени се бројни остатоци од керамички садови, што би можело да послужи како доказ дека на тоа подрачје уште 1.000 години пред новата ера постоела населба, открива директорот на Институтот за археологија при руската академија за науки, Николај Макаров. Најверојатно ги оставиле угро-финците кои живееле на брегот на реката Москва во втората половина на 11 век пне. Претходно археолозите само претпоставувале за постоењето на вакви населби, но сега веќе се најдени и докази, со што се утврдило дека тие тука живееле, а не дека тоа било само нивна случајна локација.