Свет

АСАД СО ПУТИН: Поддршка за Русија во тензиите предизвикани од Западот и НАТО!

Вчера сирискиот претседател Башар ал-Асад ја осуди ескалацијата на меѓународните тензии предизвикани од „Западот и НАТО“, за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, објави новинската агенција САНА, цитирајќи извор од канцеларијата на сирискиот лидер.

„Сирија ја поддржува Русија во спротивставувањето на обидите на Западот да ја влоши ситуацијата во светот, особено во Украина. Западните напори имаат за цел да ја поткопаат улогата на Русија и конструктивната политика, што произлегува од потребата да се признае меѓународниот легитимитет и да се постигне стабилност низ целиот свет.“ Асад рече, пренесува Тасс.

Новинската агенција САНА исто така објави дека двајцата водачи „разговарале за билатералните односи, нагласувајќи ја трговската и економската соработка“.

Асад особено и се заблагодари на Русија „за хуманитарната соработка со сирискиот народ, што им помага да ги надминат последиците од бруталната блокада“.

Related posts

Leave a Comment