Партнерката на Жулијан Асанж, Стела Морис, ја објави нивната венчавка во затворот Белмарш, во ексклузивно интервју за ДПА во пресрет на 50-от роденден на основачот на Викиликс на 3 јули.
Асанж, австралиски новинар, помина повеќе од две години во силно чуваниот затвор во Лондон Белмарш. Врската со Морис започнала додека Асанж престојувал во еквадорската амбасада во Лондон, каде тој барал политички азил. Двојката има два сина на возраст од 4 и 2,5 години.
– Планираме да се венчаме во затвор затоа што сме свршени од 2016 година. И ако се венчаме во затвор, мислам дека нема да биде единствената свадба. Најверојатно ќе се венчаме во затвор, а ќе имаме уште една свадба со семејството и пријателите откако тој ќе биде на слобода – рече Морис, додавајќи дека околностите сè уште не им дозволуваат да прават понатамошни планови.
Сè уште не е одреден датум, рече Морис, но ги минуваме потребните бирократски работи со надеж дека ќе се венчаме „наскоро“, објасни таа.
– Тоа е доста комплицирано. Разговаравме за тоа со Службата за капелани во Белмарш, па тие ни рекоа дека немале свадба во Белмарш, откако биле таму, што значи 12 години. Значи, не е толку едноставно. Ќе биде доста долг бирократски процес, но ние го започнавме – рече Морис.