Регион

Баша ја спореди Албанија со Северна Кореја во однос на странските инвестиции

 

-За шест години Рама во Албанија не донесе ниту една странска инвестиција. Албанија и Северна Кореја се двете земји без никакви нови странски инвестиции во последните шест години, изјави Баша во Грамш, на средба со раководството на Демократската партија.

Лидерот на опозицијата аргументирал зошто Рама спроведува непријателска политика кон странските инвестиции во овие шест години.

-Последните две странски инвестиции се ХЕ „Девол“ и Трансјадранскиот гасовод, ТАП, нема повеќе инвестиции. И двата договора беа потпшани во времето на нашето владеење. Нема веќе странска инвестиција, ги истера. Зошто ги истера? За да ги заштити своите клиенти Еди Рама ги протера странските инвеститори и ги замени со своите клиенти, рече Баша, истакнувајќи дека без странски инвестиции нема развој, нема нови вработувања, нема благосостојба.

Посочувајќи дека Албанија не претстави ниту еден инфраструктурен проект кој би бил финансиран од ЕУ на Самитот во Познањ, лидерот на опозицијата рече дека „единствената цел на оваа политика е ограбувањето“

Баша го нарече Рама „ крадец психопат“ чиј приоритет не е да добива финансии од евопски проекти,туку да “краде пари од буџетот и на својата фамилија и група луѓе создал огромно богатство“.

-Кога економската состојба беше толку лоша?!Кога беше невработеноста толку голема?! Кога трошоците за живеење беа толку неподносливи?!Кога Албанците плаќале толку висока цена за енергија, додека нивните приходи се најниски во регионот, а цените се највисоки во Европа, рече Баша.

Related posts

Leave a Comment