Свет

Берни Сандерс се враќа во изборната кампањата

Три недели откако доживеа срцев удар, американскиот сенатор Берни Сандерс се врати во трката за кандидат за претседател на демократите.

Сенаторот Берни Сандерс (78), кој се кандидира за претседателската номинација од редовите на демократите, ќе се појави денес на митингот наречен „Берни се враќа“ во Њујорк, прв од 1 октомври, откако му беа вградени два стента по доживеаниот срцев удар, пренесе Ројтерс .

Изборниот штаб на Сандерс објави дека членот на Претставничкиот дом Александрија Окасио Кортес, една од предводниците на таканаречените прогресивци и честа мета на критики на претседателот Доналд Трамп, ќе биде вклучена во неговата кампања.

Меѓу главните точки на програмата на Сандерс се општата здравствена заштита и високите даноци на имот за најбогатите Американци.

Според последните истражувања на јавното мислење, Сандерс е трет во трката за претседателски кандидат во редовите на  демократите, зад поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторката Елизабет Ворен.

Related posts

Leave a Comment