Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за човекови права (ММДЧП) и бескомпромисен борец за зачувување на македонскиот идентитет и интегритет, Бил Николов во својот најнов твит побара од иселениците ширум светот да не гласаат за ниту еден западен политичар кој нема да го осуди применувањето на нашата татковина.
Македонци во странство, ајде заедно да се обврземе дека нема да гласаме за ниту еден западен политичар кој нема да не поддржи. Се што бараме од нив е изјава со осуда на принудното применување на Македонија. Ако одбијат – не гласаме за нив. Тоа е нашиот долг кон сите генерации, напиша Николов.
#Македонци во странство, ајде заедно да се обврземе дека нема да гласаме за ниту еден западен политичар кој нема да не поддржи. Се што бараме од нив е изјава со осуда на принудното применување на #Македонија. Ако одбијат – не гласаме за нив. Тоа е нашиот долг кон сите генерации. pic.twitter.com/fgEwf3Tkus
— Bill Nicholov (@BillNicholov) July 4, 2020