Поранешниот пратеник и некогашен новинар, Сафет Бишевац во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24 упати остри критики кон владејачката СДСМ.
„По бугарското вето, со месеци се знаеше дека датум за прва меѓувладина седница ќе почекаме малку понатаму.
Тешко ќе биде и со словенечкото претседателство. Овде имаме големобугарски сон за територијата Македонија, крајна цел на Бугарија е денешна Македонија да стане дел од Бугарија. Романија и Бугарија беа примени во ЕУ со политичка одлука.
Недовербата кон Зоран Заев е оправдана, нема работаљ за која Заев не излажа. ДСа почнеме со Договорот од Преспа, Заев не исполни ниту едно од ветувањата. Се фалат дека ја зголемиле минималоната плата, но и со тоа зголемување, ние сме земја во која само Косово е под нас.
Ако збориме за странски инвестиции, 200 милиони евра имаме директни странски инвестиции, под нас пак е само Косово. Од економскиот бум не видовме ништо. Зоран Заев не е човек на кого треба да му верувате, живее со лаги, со чист полулизам, се претвара во обичен извршител на некои многу повлијателни земји, да речеме САД“ – вели Сафет Бишевац, поранешен пратник во Студио 10 на ТВ24.