МВР испланирале, Владата на седница одобрила, па по жестоките реакции во јавноста дури денеска се повлекуваат предлог-измените во Законот за јавни собири. Власта планирала да ги забрани протестите пред седиштата на институциите и околниот простор, собирите да се одржуваат од 6 до 23 часот кога ќе мора да заврши и за воопшто да се одржи протестот да присуствуваат најмалку 50 лица. Премиерот вели дека нема намера да ги ограничува правата, но измени ќе има по поширока консултација.
„Веднаш на седница која почна денеска, се носи само буџетот, донесовме и ваква одлука – веднаш повлекувај закон. Ќе ги слушнеме реакциите на граѓаните, невладините организации, правата, ќе направивме споредба и согласно тоа такви измени ќе направиме и ќе го пуштиме во собраниска процедура“, рече премиерот Заев.
Во дел од замрзнатите измени стои и забрана за маскирање на учесниците на протестот, оти се отежнувало утврдувањето на идентитетот. Организаторите се задолжуваат просторот каде се одржале демонстрациите да го вратат во првобитна состојба или да ја надоместат евентуалната штета.
Ова е неприфатливо за некогашниот предводник на Шарената револуција Павле Богоевски, кој вели дека законот може да претрпи измени, но со голема претпазливост.
„Ако гледаме низ призмата на Шарената револуција, 90 отсто од активностите што ги правевме ќе беа забранети согласно овој закон. Постои простор да се дискутира да се подигне прагот на определени локации, како што се крстосници, улици, патишта, кои би биле додадени на списокот објекти од витално значење, ама би биле однапред прецизирани и јавно познати. Односно, не може на некој функционер да му текне да забрани протест, само поради тоа што тој протест се одвива на некоја си раскрсница. Самото маскирање, самиот изглед може да биде интегрален дел од изразувањето на протестирачите и како таков да биде составен елемент од изразувањето на протестирачите и да биди составен елемент од правото на јавниот собир“, рече Богоевски.
Правото на протест е уставно загарантирано. И според сегашниот закон протест може да одржи група од најмалку 20 демонстранти и покрај реакциите на возачите дека центарот на Скопје е секојдневно блокиран од мали групи на луѓе.
1 comment
Па добро, ајде овие медиумските пресститутки да промовираат и не малтретираат со Павле Кокаиновски но зарем и вие тоа ќе ни го правите???
Оние од К-анал 5 во секоја емисија Кокаиновски па Кокаиновски…
Која е пак вашата потреба од пренесување на нешто што изјавил еден регистриран наркос како Кокаиновски и тоа внимавајте за политички теми…. копилево гласаше за промена на името Македонија и нејзино комплетно редефинирање а вие повторно со него го тупите!
Пууууууу забегана работа!