Колумни

БОГ ,, Ако постои термин , тогаш постои и ,тоа , што тоj термин го означува ,, – Зоран Курљан

Сите обиди да се докаже постоењето на Бог се jалови и бесмислени , сите обиди да се докаже неговото непостоење се исто така , jалови и бесмислени. Не постоjат логични зафати за докажување на едното или другото. Во историjата на Апостолската Црква , имало многу дебати со разни онтолошки , космолошки и теолошки аргументи како поткрепа за неговото постоење ( Догмите на Т. Аквински ). Е. Кант го побил ова обjаснување , кон ова разнобразие на теории придонесол со свое умозаклучение . ,, Внатрешниот морален кодекс , е доказот за богопостоењето ,, – тврдел филозофот. Уште и загриженоста за глобалната судбина на човештвото и сочувството кон блискиот своj – се фактите на големиот мислител. ,, Во пожар , човек ита да спаси друг човек внатре во опжарената куќа , иако разумот е несогласен со таквиот чекор ,,. Но , сепак , мораме да признаеме : Не сите луѓе трчаат да се жртвуваат и да се втурнат во огнената стихиjа. Од друга страна ,етолозите , ( зоолози кои го иследуваат поведението на животните ) забележуваат слични поjави и каj вишите примати, а и заедници кои се на ,, пониско ,, еволутивно ниво. Имено , во случаj на напад од предатор , неколку млади маjмуни остануваат да го одвлекуваат грабливецот од заедницата. Во одвлекувањето на внимание – тие млади ,, херои ,, гибнат , но заедницата во наjголемиот дел преживува. Можеби , во овие случаи станува збор за инстинкти ? Ч. Дарвин , од своjа страна , го побивал постоењето на Бога – преку , еволуциjата, како супстрат коjа е способна да го обjасни постанокот на живот . Но , освен ,, дупките ,, во преодот од Неандерталец кон Хомо Сапиенс , Дарвин не одговорил уште : – Коjа е причината за , расцвет , на животот во Кембрискиот период ? И зошто постарите слоеви на земjа под него ( Кембрискиот Период ) се скоро без фосилни остатоци ? Во 50- тите години во САД повторен е експериментот во лабораториски услови Во стаклена колба се симулирани услови како на Земjата во време на ,, случаjната ,, поjава на живот: вода , микроелементи , гасови , менување на дневен и ноќен период , адекватни метео услови и …,, пра-чорбата ,, во коjа требало да се роди живот- била готова за пра-почетоцтие на животот. Научниците станаа лауреати на,, Нобел ,, , а во ,, пра- чорбата ,, се случила синтеза на компонентите во амино киселини , но импулсот за живот никогаш не стигнал, иако експериментот сеуште е во тек. Сега поранешните дарвинисти , го признаа Бог , но го именуваа како , интелектуален дизаjн , што е уште едно обjаснување кое не е теолошко – религиозно. Ефимов Виктор Алексеевич , истотака, има свое толкување на феноменот – Бог. Неговата теориjа е втемелена во , хиерерхиjата на интелектот ,. ,, Додека , аморфните неживи форми немаат можност за прием на информациии ( даjаметрална противположеност на ,, неживите ,, кристали и вода ) , посложните форми ( растениjа и животни ) имаат своjа хиерархиjа во , скалата на интелигенциjа, ( како можност за прием , обработка на информации и адекватна реакциjа ). Како што морковот не може да ги разбере мотивите и природата на заjакот , така и на нас луѓето ни е ограничена когнитивната третина за разбирање на Неговиот План. ,, Технологиjата ,, со коjа ги добиваме информациите , а работи на елктро- магнетен принцип , не е дизаjнирана и создадена за перцепциjа на Универзумот коj функционира во квантова реалност , кадешто не постои , колебање на честичките , кое ние пак го мериме со часовници . , Времето ,е таа сила ( заедно со гравитациjата ) коjа не држи овде на Земjата , во светот каде што енергиjта е со низок интензитет на треперење и е вечно заробена во вид на материjа. Во Бог- Град нема минато , сегашност и иднина. Во него , сите времина се е тука и сега . Богот ,татко , ги дава своите насоки и поуки , преку пророците , кои се деца на Бога – како што сме сите ние. Инаку , без негова промисла не би биле на Земjава. Пророците , заради радикалните пораки кои ги носат неретко се изложени на терор од ,, блиските свои,, зошто го рушат привичниот светоглед и удобниот свет во коj и , ѕидовите помагаат , . , Пост мортум , ги оживуваат , им градат храмови и ги молат за ,,привилегии ,, оптоварени од живеачката живеана во постоjан сукоб со себе и природата. После , мисиjата, пророците постануваат жители во физичкиот дел од Шамбала. Сите , до еден се таму , во очекување на новата порака од Таткото. Низ целата епоха на ,, Рибите,, се создаваа , растеа , вршеа раздор , организации кои го институционализираа Бог. Тие биле наречени , цркви ,. Иако од разни првиниенции и со разни имиња за Него , службениците од тие институции успешно го затвориjа, Бог , во нивните зданиjа , изградени од камен и дрво , но ослободени од божjата суштина . Не постои ниту една ,,човечка кланица ,, во последниве 2.000 години коjа не била испровоцирана од ,брокерите со верата,. Религизните организации како ,неовластени посредници , jа искористиле масовната- општа енергиjа на верниците за ,, раѓање ,, на егрегори , и тоа е сеуште така . Но тоа не е комуникациjа со Бог , исто како и молитвите научени на изуст , но неизлезени од нутрото , неиспечени во душата и непрефрлени преку усните. Секоj човек одесуваjќи се според , коните, на личната совест веќе го воспоставил контактот . Бог , зборува , не низ запален жбун и точно не пишува огнен текст во камена плоча .Тоа можеби го прави некоj друг , Господ , кому постоjано му се молат за опрост. Зошто , Господин , е тоj – ,Владетел, . Неговите робови мораат постоjано да живеат во стадо – закутано во густ страв , наметнат од строгоста на Господинот. Бог зборува низ jазикот на животните околности. Ако , човек имал лош ден , го следи лоша среќа , се среќава со угурсузи кои излегуваат од сите улички -како од фабричка лента , можеби полезно е : да се замисли човек над претходни негови ( неjзини ) постапки кои биле добри , но не и правилни. Кога се анализира секоj претходен ден , количеството на , добри , одлуки се намалува , а тасот на совеста надвладува со , правилни , одлуки и дела . Не постои неопходност од обраќање до Егрегорите . Следење на знаците , симболите упатени од Бог и потврдени со внатрешниот глас ( интуициjа ) , се повеќе од доволни за живот во хармониjа на трите човекови начела ( когнитивниот- интелектуалниот , емотивниот , духовниот. Разивањето на секое начело доведува до лично одухотворување . Светото Троjство на божjата природа е споделено и со неговите чеда – луѓето ) Ладот ( хармониjа ) во човек значи ,лад, во општеството . Општествениот , лад , може да го види вистинскиот лик на Златното Теле и илузиjата коjа jа наметнува потрошувачката менталност . Зауздувањето на потрошувачкиот порив – како живототворна сила во поробувањето на луѓето , ги менува приоритетите , па така првите ( наjважните ) теми стануваат први. Кога исчезнува Златното Теле истекува и времето од римската максима : ,, Човек на човек- волк ,,. Принципот на , конкуренциjа , е заменет со , принципот на соработка ,. А тоа е веќе муграта на новиот , слободен ден. До полната слобода останува ,, само ,, да се слуша душата на човековата душа- совеста. Послесловие : Ако Бог е врховниот интелект , воедно е дизаjнер и неимар на целиот Универзум , во димензии и големини , незамисливи за човек , тогаш логиката налага : -Тоj е творец и на Природата како рефлексиjа на неговата вистина , восприемлива за нашите чувства. Можеби е подобро , да престанеме со коленичење , а да се зафатиме со чистење на една од Неговата творба- Природата . Потоа , да се уважуваме меѓусебно – повторно како почит кон уште една Негова креациjа- Човекот. Така , ќе ја покажеме нашата приврзаност и благодарност. Нашите декларации ќе се совпаѓаат со нашите дела.

 

Зоран Курљан

 

Related posts

Leave a Comment