Бојко Борисов рече дека ќе поднесе оставка ако бугарскиот парламент го одобри неговиот план да распише избори за Големото национално собрание, со цел промена на Уставот.
Тој рече дека сака да го подобри судството и да го преполови бројот на пратеници, пренесува Ројтерс.
Наведено е дека две третини од 240 бугарски пратеници мора да гласаат со цел да се распишат изборите за големото Национално собрание.
Борисов, кој веќе 37 дена е под притисок на протестите во Бугарија, рече дека ваквите измени ќе помогнат да се рестартира земјата и нејзиниот претерано голем политички систем.