Колумни

Бојкотот е условен рефлекс и единствено оружје за одбрана на легитимитетот и достоинството на народот.

Во предвечерието на вториот круг на таканаречените претседателски избори во насилно и незаконски преименувата држава ,,Северна Македонија”, Нејзините кумови од власта и нунковците од парламентарната опозиција,прават се од петни жили да му дадат легитимет и завршен печат на своето кумство.
За таа нивна цел пред се им е потребен цензус со кој ќе си обезбедат привиден успех во своите намери да го завршат геноцидниот Преспански договор.

За обезбедување на тој цензус двете условно најголеми политички партии во Македонија се служат со најперфидни трикови и дезинформации на јавноста,
со фокус на тоа што би се случило ако тој цензус не биде постигнат.Владеачката СДСМ лиферува изјави од типот ако не биде избран претседател на избори тогаш
тој ќе се бира во собрание што е ноторна лага бидејќи за такво нешто треба измена на уставот.Опозициската ДПМНЕ се служи со уште поперфидни методи од типот :
-ако не победи нашиот кандидат или не биде постигнат изборниот цензус тогаш Талат Џафери би бил В.Д претседтел до распишување на нови избори што исто така е
ноторна лага и манипулација затоа што се до избор на нов претседател функцијата ја извршува актуелниот Ѓорѓи Иванов.Опозициската ДПМНЕ оди дотаму што се
дрзнува да ги етикетира граѓаните на Република Македонија, кои од чисти родољубиви побуди решија да не излезат на овие избори,како дел од заговор на СДСМ,
демек тоа одело на штета на нивниот кандидат Сиљановска Давкова која нели според ДПМНЕ доколку се дограби до позицијата претседател на државата ќе го сменела
курсот по кој се движи и ќе го вратела достоинството на македонските граѓани.Па господа од ДПМНЕ од чии редови е актуелниот претседател Иванов?
Мислам дека е од вашите.Зошто досега тој не потегна некаков потег за враќање на достоинството,одземање на мандадот на Заев, кој нели беше условен токму од уставните
гаранции потпишани токму од нив двајцата ? – Зошто ние граѓаните треба да веруваме дека новиот претседател од вашите редови би бил посмел и би го направил тоа што
вашиот досегашен кандидат и актуелен претседател не го правеше ? Па господа од ДПМНЕ за среќа живееме во 21 век каде што имаме голем број на аудиовизуелни технички можности изворно да
ги следиме изјавите на вашиот кандидат.Во таква една изјава вашата кандидатка јасно кажа дека не и паѓа на памет да го поништи Преспанскоиот договор. Во друга изјава истата
госпоѓа го нарече Сорос филантроп . Па побогу за каква понуда вие говорите во претседателскава кампања?Од друга страна кандидатот на власта од ден на ден ја покажува својата
сервилност кон меѓународните фактори кои ја скроија ситуацијата во која се наоѓа државата.Оди и подалеку во преговорите со албанскиот политички фактор за обезбедување на нивните гласови
многу подалеку од рамките кои ги предвидува Охридскиот договор.Бојкотот на Претседателските избори е логичен одговор на овие девијантни и деструктивни потези на двете најголеми
политички партии.Бојкотот е условен рефлекс и единствено оружје за одбрана на легитимитетот и достоинството на народот.Токму од тоа се плашат овие две партии,од нивно делегитимирање
и почеток на стрмоглаво тркалање удолу кое би завршило со нивно фрлање на буништето на историјата или по најоптимистичко сценарио за нив со маргинална улога на политичката сцена.
Бојкотот не е само моментален излив на револт кон политичките елити туку реална сила која во блиска иднина ќе прерасне во единствен респектабилен чинител
од кој би се изнедрила чиста македонска Асномска политичка опција која би се фатила во коштец со сите коруптивни,антиуставни и социјални дејанија во државата.Македонецот не ги бојкотира
само претседателските избори туку ги бојкотира и тиранската платформа,преспанскиот договор,сомнителниот договор со Софија за ревидирање на нашата историја,откажувањето од
можноста да се нарече себеси потомок на Александар и Филип,на Кирил и Методиј,на Климент и Наум.Македонецот бојкотира неразбрани трговци како во песната Послушајте Патриоти кои за
лична корист продаваат се што е заедничко и историски му припаѓа на нашиот народ.Токму лидерите на двете најголеми партии се условно кажано трговци и модерно речено бизнисмени,
едниот трговец со зеленчук другиот малку технички пософистициран со хидроцентрали па оттука аналогијата со неразбраните трговци од народната песна Послушајте Патриоти доаѓа до израз .За своите бизниси
и политички кариери се решени да направат се што би било побарано од нив,во случајов да да дадат легитимитет  на историското и есенцијално обезличување на нашата држава.И во случај да обезбедат
каков таков цензус, ќе им остане горчлив вкус во устата и сознанието дека мнозинството од македонскиот народ со неизлагањето на избори и со јасното кажано не на референдумот во септември веќе ги делегитимира и дека набрзо на следните парламентарни избори било вонредни или редовни
ќе ги детронизира од позицијата во која се наоѓаат од осамостојувањето на државата.Затоа македонци во недела да го потврдиме почетокот на крајот на политичките елити и да им
кажеме гласно дека ние сме тие кои одлучуваат за својата иднина а не тие и нивните налогодавачи. – БОЈКОТ!!!

Колумна на Владимир Трајковски 3.5.2019

Loading...

Related posts