Свет

Британски генерал до војската: „Подгответе се да се борите на европско тло и победа над русите“

 

 

 

Британскиот генерал Патрик Сандерс им порача на британските сили да се подготват за нова копнена војна во Европа. „Моја должност е да ја направам нашата армија колку што може по смртоносна и по ефикасна“, рече Сандерс.

„Подгответе се да се борите и да ја победите Русија во новата европска копнена војна “, предупреди највисокиот британски генерал, новиот командант на британската армија.Генералот Сер Патрик Сандерс , кој ја презеде целата команда на британската армија оваа недела , им рече на своите војници да се подготват за битка. „Ние сме генерација која мора да ја подготви војската да се бори уште еднаш во Европа “, рече тој, додека руската инвазија на Украина ја поткопува глобалната стабилност .

„Јас сум првиот началник на Генералштабот од 1941 година што ја презема командата со армијата во сенка на копнената војна во Европа во која учествува голема континентална сила. Трајната закана од Русија покажува дека влеговме во нова ера на несигурност “, рече Сандерс. во силна порака до британските војници.

„Моја должност е да ја направам нашата армија колку што може смртоносна и ефикасна . Сега е време и наша шанса е да ги искористиме предностите“, рече Сандерс.

Пораката доаѓа во време кога Путин им се заканува на земјите на НАТО, а оваа недела ги исмеа поранешните советски држави во Европа, велејќи: „Тие се дел од територијата на историска Русија“.

 

Related posts

Leave a Comment