Свет

Бројот на приведени лица за време на протестите во Венецуела се зголеми на 83

КАРАКАС, 1 мај . Најмалку 83 лица беа уапсени во вторникот во Венецуела за време на протестите против владата, изјави на Твитер шефот на една венецуелска невладина организација (НВО), Флорентино Кастро .

“Ние ги потврдуваме информациите за 83 уапсени за учество во демонстрациите денес”, напиша тој. Според процените на НВО, повеќето од 59-те лица беа уапсени во државата Зулија. Во други региони, бројот на притвореници варира од еден до четири. Претходно активистите за човекови права разговараа со околу 25 лица кој се наоѓаат во притвор.

Протестите започнаа во Каракас и неколку други градови во Венецуела, откако група на војници одбраа да застанат на страна на венецуелскиот лидер на опозицијата Хуан Гуаидо. За време на демонстрациите, придружени со судири со безбедносните сили, неколку десетици луѓе беа повредени во главниот град на земјата.

Претходно во вторникот, Гуаидо објави видео на Твитер, во кое тој ја повика венецуелската војска да излезе на улиците за да “стави крај на узурпацијата” во земјата. Во видеото се појави и група на воени офицери како и шефот на партијата Популарна волја Леополдо Лопез.

 

Loading...

Related posts