Регион

Бугарската партија Возрождение го тргна украинското знаме од од општинската зграда во Софија

Бугарската парламентарна партија „Возрождение“ го отстрани украинското знаме од општинската зграда во Софија.

На јавните и приватните објекти може да се вее само бугарско знаме, во спротивно се работи за велепредавство, изјави претседателот на партијата Костадин Костадинов.Се наведува дека двајца мажи тоа го направиле со помош на камион со кран и корпа.

Лидерот на „Возрожденија“ на својот Јутјуб канал изрази сомнеж дека воопшто е донесена одлуката за подигнување на украинското знаме.

Од партијата соопштија дека го отстрануваат знамето на Украина од општина Софија за да потсетат дека местото на секое странско знаме е во амбасадата, конзулатот или трговското претставништво на соодветната земја во нашата Република.

Костадинов ја повика градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова да не става странски знамиња на софиската општина, бидејќи ќе одговара за предавство.

Костадинов дури и го покажа спуштеното знаме во видео на својот Фејсбук профил. И се закани дека ќе му го подари знамето на украинскиот амбасадор во Бугарија за да „го стави во неговиот двор“.

Related posts

Leave a Comment