Договорот за добрососедство , со Република Бугариjа , би можел да профункционира во животот и реалната димензиjа во коjа сосуштествуваме заедно и со Бугарите, само во случаj кога Македонците од Република Македониjа ќе го познаат и признаат како приjателски ( не по форма туку по суштина ) .
Тоа значи :- Кога првиот доблесен бугарски државник ќе ги признае гревовите , многувековни ,нанесувани од бугарската држава ( во било коjа форма и општествено уредување ) и интелектуалци, врз Македонците во Република Македониjа, Беломорска Македониjа и на Македонците во делот од териториjата на Македониjа коjа е прилегната на западниот дел од Република Бугариjа од 1913 година. Истиот тоj доблесен маж , ќе треба , да побара прошка од Македонците и од сите преставници на делови од народи кои живеат во Република Македониjа за добрососедско – но никако не и за братско соживеење . Чунки , подеднакво родбински ни е и српскиот , црногорскиот , босанскиот , хрватскиот , словенскиот , словачкиот , чешкиот , полскиот , латвискиот , литовскиот , естонскиот , белорускиот , украинскиот , рускиот народ ( народи ). И да не jа враќаме наназад лентата на историските збиднувања , и на географии кои се далеку од Европа; – Персиjа , Индиjа до кашмирските замрзнати вертикали и остри врвови , за да приставаме народи кои ни се исто така – родбински.
Прошката треба да се побара и за лицемернето предавање на еден исто така стар народ – евреjскиот , за време на Втората Светска Воjна. Македонските жртви на фашистите бугарски се запечатени во народната мемориjа , како во вечен албум со неизбледливи фотографии , зошто , тоj злостор беше вчера – во историскиот смисол на зборот. Следно , но не и последно ; – -Република Македониjа е суверена држава на Македонците – како jадро на Македонската Нациjа , и сите останати малцинства ( декларирани во Уставот на Република Македониjа ) , кои зборуваат на македонски jазик – историски еволуирана форма на , коине , jазикот ( Умберто Еко го нарече тоj jазик , совршен jазик , ) . И тоj македонски jазик го претставува сврзното ткиво во Македонската Нациjа и начин за меѓусебно разбирање . А потоа Ние , Македонците , како добри луѓе и Христиjани , ќе простиме – но нема да заборавиме …
Овие се плочките направени од , издробени добри намери , со кои е поплочен мостот до длабоко повредениот и ,понижуваниот ,од бугарската држава и интелектуална елита , народ во Република Македониjа .
Тврдењето :- ,, Гоце Делчев не е Македонец ,, е , рамносилно , по недоветност со тврдењето : -,, Вуjко Сем не е Американец ,, !
Подсказка , добрососедска :
При истражувањата вршени во ,, булгарските кургани,,( гробници- усипалници на булгарските ханови ) пронаjдени се скелети од високи , светли луѓе ( остатоци од светла-плава коса и плетенки ). Според резултатите од анализата на , пробите , генетски материjал земен од тие биолошки остатоци констатирано е ; се работи за преставници од белата- ариевска раса. ( жалам што фашистичката пропагандна машина се обиде да го , извитопери , и овоj збор – поим ). Ова се истражувања на проф. Кљосов.
Потака – поинтересно ; Проф . Чудинов , исто така , врз основа на долгогодишни иследувања тврди дека имало предвижување од Македонскиот Полуостров кон Прародината – денешна Русиjа, некаде пред 3.000 – 5.000 и стигнале до плодородниот ,, цронозем ,, околу течението на реката Волга . А таму , во неjзиниот тек , препречен е островот Булгар…
Можеби во овоj правец треба да биде фокусирана бугарската научна мисла , и , ако Бог Даjт – таму да пронаjде нова романтична историjа и национален спокоj . Нека се , побараат , таму. Дотолку повеќе : ,, Новата хронологиjа ,, од академикот Фоменко ( меѓудругото ) го обработува и историскиот опис на Џенгис Кан , датиран , стотина години после упокоjувањето на канот , во коj пишува за ; – Неговиот висок раст , светол тен на кожата и густата руса коса. Љубел да собира шумски печурки и плодови во времето кога не воjувал. Живеел во дрвена куќа со своето семеjство и маjка му…Целиот опис на , семеjниот дим , одговара на животот на славjанските заедници пред ,покрстувањето , и почетокот на нивна феудализациjа.
Или можеби , jас не познавам , многу , вакви Монголи.
Зоран Курљан