Свет

Бурбок: Русија предизвикува глобална криза со глад. Захарова: Не е виновна Русија, туку вашите санкции

Бурбок ја обвини Русија за „прекинување на снабдувањето и зголемување на цените“ поради нејзините постапки. Захарова истакна дека цените растат поради западните санкции против Русија.

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок денеска ја обвини Русија дека намерно се обидува да предизвика глобална криза со глад со блокирање на извозот на житарки од Украина, пренесува Фајненшл пост.

Обраќајќи се на крајот на тридневниот состанок на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија, таа рече дека Групата седум најразвиени земји итно бара алтернативни начини за извоз на украинско жито.

Бербок изјави дека околу 25 милиони тони, кои се заглавени во украинските пристаништа, му се „итно потребни на светот“.

– Секој тон што можеме да го извлечеме малку ќе помогне во борбата против кризата со глад. Во ситуацијата во која се наоѓаме, секоја недела е важна – изјави Бурбок.

Таа ја обвини Русија дека поради нејзините постапки „испораките се прекинати и цените растат“ ширум светот.

– Русија одлучи војната во Украина да ја префрли во други земји во форма на „војна за жито“ – тврди Бурбок, пренесе ТАСС.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г7 денеска ветија дека ќе ја зајакнат економската и политичката изолација на Русија, ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје и ќе работат на ублажување на глобалниот недостиг на храна како последица на војната.

Захарова: Не е виновна Русија, туку вашите санкции

Коментирајќи ја изјавата на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дека Русија е виновна за зголемениот глад на планетата, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рече дека цените растат поради Западните санкции против Русија.

– Цените растат поради санкциите што ги воведе колективниот Запад против Русија под притисок на САД. Ова е така ако зборуваме за директната причина. Неразбирањето на ова е знак или на глупост или на намерна измама на јавноста – напиша Захарова на Телеграм, пренесе Спутник.

Таа исто така изјави дека, ако се земат предвид првичните причини во поширок контекст, тогаш распаѓањето на државноста на Украина е дело на колективниот Запад.

– Во распадот на Украина, меѓу другото се вклучени и претходниците на госпоѓата Бурбок, која не само што се мешаше во ситуацијата во таа земја, туку и ја моделираше внатрешната и надворешната политика на Украина – истакна Захарова.

 

 

Related posts

Leave a Comment