Европа

Ван дер Белен: Зголемувањето на цените е цената на нашата слобода од руската закана

Александар, комбе, дер, Белен

ВИЕНА – Австрискиот претседател Александар ван дер Белен денеска предупреди дека не треба да се укинуваат санкциите против Русија и посочи дека зголемувањето на цените е цена на слободата.
Не смееме да дозволиме да не поделат, апелираше при отворањето на културниот фестивал во Салцбург.

Тој посочи дека оние кои сега не се подготвени да ја платат цената за слободата, нивните деца и внуци ќе ја платат тројно“.

Ван дер Белен оцени дека борбата меѓу деспотизмот и слободата нема да трае само неколку недели или месеци, туку штотуку започна.

Што се однесува до иднината, тој вели дека не треба да очекуваме дека Владимир Путин ќе ја заврши војната и ќе ја зближи Европа, а гасот ќе тече како и досега.

Друго сценарио би било Европа да попушти и да ја остави Украина на својата судбина. Во тој случај пак ќе има гас, рече тој.

Сепак, вели тој, никој сериозно не може да верува дека Путин ќе биде трајно задоволен.

Тоа сценарио би го платиле со нашиот суверенитет, со нашата безбедност и пред се со нашата слобода, подвлече тој.

Ван дер Белен вели дека најреалното сценарио е Путин да ја продолжи војната во Украина и дополнително да го прекине снабдувањето со гас.

Мора да се подготвиме за тоа веднаш, заклучи Ван дер Белен.

Related posts

Leave a Comment