Свет

Велика Британија, бунтовничка офанзива во битката за Брегзит

 

Во Лондон во тек е бунт на пратениците од  опозицијата и дел од Конзервативната партија против тврдиот Брегзит. Дваесеттина Ториевци заедно со опозицијата се обидуваат да го спречат излегувањето на земјата од Европската унија на 31 октомври со донесување на закон за вонредни состојби. Премиерот Борис Џонсон би можел да распише избори уште во октомври.

Битката за Брегзит  се води остро во овој момент во британскиот парламент, кој се врати од летниот одмор и веднаш го сослуша како извештајот на министерот за надворешни работи Доминик Раб,така извештајот на премиерот Борис Џонсон за неодамнешниот самит на Г7 во Бијариц.

А потоа започна вистинската битка. Имено, нацрт-законот беше воведен во распоредот со итна постапка, со кој пратениците се обидуваат да ја спречат Владата да ја напушти Европската унија без договор на 31 октомври. Значи, според нацрт-законот, доколку не се постигне договор, Велика Британија ќе треба да побара продолжување на преговорите и рок до 31 јануари.

Во говорот вчера, Борис Џонсон ја отфрли оваа можност. Неговата размена на зборови беше исклучително остра со лидерот на опозицијата денес во Долниот дом.

„Тоа е закон за предавство, подготвен од Џереми Корбин. Нема да има повеќе бесмислени проширувања“, рече Џонсон.

„Владата денес нема морал, нема мандат и нема мнозинство“, истакнува Џереми Корбин, лидер на Лабуристичката партија.

Корбин алудираше на 20-те бунтовни пратеници на Конзервативната партија, кои најверојатно ќе застанат покрај опозицијата вечерва, кога ќе се донесе итно гласање за законот.

Во тој случај, тие би можеле да ги загубат пратеничките места, а како што истакнуваат аналитичарите во Лондон, во тој случај најверојатна опција е премиерот Борис Џонсон да распише предвремени вонредни општи избори на 14-ти октомври.

Неизвесно е кој би можел да победи на овие избори. Па така вечерва ќе знаеме каква е судбината на Брегзит.

Related posts

Leave a Comment