Македонија

Верушевски: Мозокот на нелегалното прислушување е Груевски

Во своето денешно сведочење поранешниот разузнавач одговорајќи на прашањата на обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во УБК изјави дека Никола Груевски треба да биде првообвинет во овој случај, бидејќи според него мозокот на нелегалното прислушување бил Груевски, а не Мијалков. Ги посочи и бегалците, Горан Грујовски и Никола Бошковски кои како што рече, несомнено поседуваат многу пообемна документација од онаа што лидерот на СДСМ Зоран Заев ја предал во СЈО. Се собирала разна документација за да има се под контрола, тврди Верушевски.

-Ако дојдат бегалците од Грција се ќе биде јасно.Тие комуницираат со други држави и други служби. Тоа што поседува СЈО е минорно од тоа што тројцата бегалци ја поседуваат. Тоа им обезбедува не само заштита, туку и премолчен пристап за сите државни иницијативи тие да се вратат во земјава. Само еден Господ знае што поседуваат, рече Верушевски пред Судот.

По завршувањето на рочиштето не сакаше да коментира, кратко изјави дека доколку е потребно ќе свика прес конференција за да објасни се, а се што имал кажал пред судот.

На наредното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина„ премиерот Зоран Заев треба да се појави како сведок. Заев на барање на Обвинителството ќе треба да сведочи за своите сознанија за нелегалното прислушување во УБК.

Исходот од предметот „Таргет Тврдина“ треба да покаже кој нелегално прислушувал над 20.000 граѓани преку три системи за следење на комуникации во УБК.

Related posts

Leave a Comment