Што после Азманов? Би требало да летаат уште многу глави. И уште потемелно истражување за скандалот „Рекет“, а не прикривање на ликови и сторени дела. И помеѓу функционери во власта и помеѓу новинари! После Азманов освен да ја изнесете вистината, друга опција немате! Го ислушав интервјуто со г-от Азманов на порталот Инфомакс. Три пати бришам и не знам што да напишам, бидејки сум запрепастена од се што слушнав! Кои шлајмови од новинари, што правеле вклучително и Латас, ај, оние бедни шугави новинарчиња, ама овој сурко,од висок калибар на новинар и главен уредник кој се преставуваше и како врвен и наградуван во новинарската фела. Пуу, бруко! За Азманов! Па, овој човек уште пред да се родите, бре шуги едни со својот однос и чесна работа, почит кон вработените и бизнис партнерите, влегол во Европа и светскиот бизнис. И многу пред вас, тој е вистински европјанин, вистински светски бизнисмен со однос и манири на светски успешните луѓе. Кои шуги во уста ја ставаат ЕУ, ќе оделе во ЕУ….. И име продадовте и г’з за ЕУ и пари! ЕУ ќе ве обогатела и се фативте како слеп за стап за тоа и на власт ги донесовте криминалците кои сакаат ваквите вредни и чесни луѓе со чесни бизниси да ги уништите. Вредните луѓе во Македонија кои заработуваат со свои раце, а не чекаат Еу да ги рани – НАТО да ги брани, флоскула за која се фативте вие глупаците со очекување некој друг да ви го направи среќен животот и луксузно да живеете, без труд и работа, здружени во злосторничко здружување на рекетари и криминалци, влезени во политика да го ограбувате народот. А, во политиката ве донесоа лековерните и прелажаните, сега еве им ја Европа. Нивните стомаци празни, а на власта џебовите полни! Азманов создавал за себе, па за државата, а со тоа и за народот, бидејки вработувал, и од неговото чесно и достојно работење многу семејства имале плата и имале за храна и живот. А вие шуги неписмени рекетарски без труд и без мака, со уцена и ширење невистини сакате да ги уништите туѓиот труд и мака! Ејј, ланец од поврзани институции се здружиле; едните да молчат додека другите ограбуваат и рекетираат, а ако рекетираниот не даде пари тогаш настапува ТВ норт-мракот и почнува со оцрнување на вакви златни и за секоја почит, пред се луѓе, а потоа и бизнисмени! Е таква власт избравте, што е неспособна и некреативна, па и уништува се` што е вредно, успешно и од светски ранг со светско реноме и углед! Достојни и вредни Македонци, наспроти вас злосторници кои тргувате со историјата, културата, традицијата, името и постоењето на древниот народ македонски. Крвници, уништувачи и здружени во мафија која краде и рекетира од вакви верни патриоти и вредни работници, кои чесно ги стварале својот имот и капитал! Секоја чест, само чиста душа вака излегува јавно да каже; за се и јас му верувам! А, кој образ има Катица-шестица! Вчера како од поплава исфрлена и без останатите „СЈО чарлиеви ангели“ покрај неа, излезе на прес, прочита кратко текст кој друг и го напишал, (фала богу) и течно го прочита, со намера да не расплаче! Прочита и избега , не дозволи новинарите да и постават прашања, не дозволи народот да слушне било што во нејзина одбрана, достојно и чесно, бидејки трошеше народни пари на функцијата СЈО. А, всушност, со бегање од прашањата на новинарите покажа дека била СРЗ (Специјално рекетарско здружение) падната на најдолно можно ниво! А, имаше ингеренции во државата повеќе и од премиер и од претседател, назначена да се справи со криминалот и корупцијата, а не да биде главниот поим за рекет, уцена и криминал! И така лесно за пусти пари ја злоупотреби таа доверба и со лаги има намера сите да ги закопа; себеси да се извлече од пипците на октоподот кој за сега е половично разоткриен и половично се истражува и се даваат штури информации за јавноста, бидејки сега се прават комбинации како и кој да биде спасен, а кој да биде пуштен по вода и да си одлежи затворски казни! Заради овој мега скандал деновиве во посета на северна доаѓаат Хан и Рикер, чадорите кои и ќе имаат одвоени средби со Катица. Со „осуммината џокери“ користени за потребите на Заев, за што ќе му притребаат да ги употреби и веројатно со други ликови од власта, со се Русковска за да се договараат и за рекетарскиот октопод и дали да има предвремени парламентарни избори, после сите глупости на Заев со комичарите и издадените тајни во мајтап разговорите. Во јавноста излегоа уште нови шифрирани имиња кои чекаат да бидат обелоденети и да ги слушнеме нивните вистински имиња. И со голем интерес ќе следиме, баш да видиме кои комбинации, лаги и начини ќе слушаме за да се извлечат од овој мега криминал!!
Виолета Петковска