Македонија

ВИКТОРИЈА ТОШЕВСКИ : Не постои ,,Северна”, постои само МАКЕДОНИЈА и засекогаш ќе остане само МАКЕДОНИЈА

Моите родители ме научија да не заборавам од каде доаѓам и никогаш да не се срамам од тоа што сум.Не се срамам да кажам дека сум Македонка,напротив, горда сум на тоа.Го сакам македонскиот јазик,ората и особено храната.Сакам да им раскажувам на моите пријатели дека доаѓам од едно толку убаво место.

Но сето ова се претвори во огромен проблем откако Македонија беше принудно преименувана во ,,Северна” Македонија.Се грозам кога луѓе ќе ми кажат дека тоа е само едно обично име.Не е така.Ни одземаат илјадници и илјадници години историја и ја присвојуваат како да е нивна.

Тешко ми е кога го гледам моето големо семејство во Македонија и моето семејство тука, како водат истоштувачка војна.Но и покрај сите тешкотии, јас нема да престанам да се борам, а нема ни моето семејство.До крајот на животот ќе продолжам земјата да си ја викам Македонија, бидејќи таа е единствената Македонија која што ја знам.

Не постои ,,Северна”, постои само МАКЕДОНИЈА и засекогаш ќе остане само МАКЕДОНИЈА

Викторија Тошевски – Директорка за односи со јавност на ММДЧП

Related posts

Leave a Comment