Лидерите на Србија, Унгарија и Австрија се согласија да преземат нови мерки за да го ограничат протокот на илегални мигранти, бидејќи притисокот продолжува да се зголемува на нивните граници. Според NTD, Виктор Орбан, Карл Нехамер и Александар Вучиќ одлучиле да ги запрат мигрантите веќе на границата со Македонија, што ќе ја олесни ситуацијата на унгарско-српската граница. Се планира и брзо депортирање на оние на кои им е забранет влезот.
Ова е втор состанок по оној од пред две недели кога се сретнаа Орбан и Вучиќ, испровоцирани од таканаречениот караван на светлината составен од 200,000 мигранти од Сирија, Авганистан, Пакистан, кој веќе е стациониран на турско-грчката граница кај Едрене и кој според пишувањтое на телеграм каналот на мигрантите има намера да влезе во ЕУ. Тогаш лидерите на Србија и Унгарија одлучија да изградат пет метарска ограда долж српско-македонската граница како би се спречил протокот на мигрантите. Тоа значи дека овие држави имаат информации за можен влез на бранот мигранти во Македонија. Интересно, македонските институции молчат.
Како да се запре протокот на илегални мигранти, повторно разговараа лидерите на Србија, Унгарија и Австрија. Тие се состанаа во Будимпешта и се согласија да преземат нови мерки додека притисокот продолжува да се зголемува на границите на овие балкански земји.
Според Фронтекс, повеќе од 86.000 илегални преминувања се регистрирани на надворешните граници на ЕУ со Западен Балкан во првите осум месеци од оваа година. Ова е речиси четири пати повеќе од минатата година.
Учесниците на состанокот се договорија да ги запрат мигрантите веќе на границата со Македонија. Со тоа ќе се олесни ситуацијата на унгарско-српската граница. Тие, исто така, планираат брзо да ги депортираат оние на кои им е забранет влезот.
ВИКТОР ОРБАН, премиер на Унгарија: Треба да создадеме миграциски зони, како што велат во Брисел – жаришта надвор од ЕУ. Апелираме да се сменат законите на Европската унија. Барањата за азил треба да се поднесуваат само надвор од ЕУ. И дозволата за влез во Европа не може да се издаде додека не се разгледа апликацијата. Во овој случај, нашите проблеми ќе бидат решени.
КАРЛ НЕХАМЕР, канцелар на Австрија: Треба да ја промениме правната ситуација во Европската унија, да создадеме ефективни процедури за давање азил, како и брза репатријација на луѓето на кои не им е дозволен престој.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговата земја ќе ја промени визната политика. Мигрантите нема да можат да ја користат Србија како прва држава за влез во ЕУ. Тој, исто така, додаде дека има забележително зголемување на бројот на пристигнувања од Сирија, Пакистан и Авганистан.
АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ, претседател на Србија: Србија до крајот на годината значително ќе ја усогласи својата визна политика со онаа на Европската унија. Ова е првиот чекор да се запрат оние кои ја користат Србија како влезна точка за понатамошна илегална миграција на Запад.
Фронтекс забележува дека западнобалканската рута останува најактивна за миграција кон ЕУ.